Си чекам на црвено за лево на раскрсницата кај Џевахир зградите, 3та македонска со бул.Србија, ја сакам да се уклучам лево на 3та мак за накај лисиче да одам... значи семафорот за лево и право е длабоко црвен... одеднаш копиле со темноцрвен/вишњаста боја ровер 200 ваљда беше, прелета со преку 150км/ч право по бул. Србија.. не успеав ни таблицата да му ја видам.. после 3-4 секунди помина и јети со ротација, не знам дали го стигнаа копилето, ама знам дека ако поминуваше некој на ЗЕЛЕНО по 3та македонска тоа ќе беше масакар.
Ваквите копилиња се надевам дека ќе се опнат у првата бандера и дека само тие ќе бидат жртви или инвалиди до крај на нивниот живот. Често ја поминувам таа раскрсница по возејќи 3та мак. и ми се врти филм што ако си поминував во моментот на мое зелено.

Моите ќе закажуваа погреб утре. Копилиња.
После 10мин, на два пешачки семафори на Партизанска си поминаа 2 коли на црвено, но полека подзастанаа и заминаа. Тие не ни ги сметам дека поминале на црвено.

Ама тоа копилето од погоре, од патики ме извади.