Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2710174 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10785 на: 12 Февруари 2015, 10:17:18 am »

Но, тоа не доведува до парадоксална состојба: АКО нема коли, ТОГАШ улица можам да поминам безбедно секаде, не само таму каде што има пешачки. Тогаш испаѓа дека пешачките премини се декор на патот, украс кој не налага никаква промена на актуелната сообраќајна ситуација - коли си шибаат, а пешак проаѓа само ако не доаѓаат коли.



Ама ти не читаш изгледа..нема ништо парадоскално.


Можеш да преминеш коловоз и каде што нема пешачки но...

Член 121
(1) Пешакот што е со намера да премине преку коловозот на место каде
што не постои обележан пешачки премин, не смее да стапи на коловозот ако со
тоа го попречува сообраќајот на возилата.



Е сега...законот те задолжува да поминеш на ПЕШАЧКИ во овој случај:

Член 120 став (2)

На јавен пат што има обележани пешачки премини или посебно
изградени премини односно минувалишта за пешаци, пешакот е должен при
преминувањето на патот да се движи по тие премини, односно минувалишта
,
ако тие од него не се оддалечени повеќе од 100 метри.


Значи...? ;D

« Последно менување: 12 Февруари 2015, 10:26:09 am Stratro »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29793
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10786 на: 12 Февруари 2015, 10:24:46 am »
Воопшто нема да ми смета ако по должината на Партизанска наредат 50-тина џандари што ќе казнуваат за непрописно проаѓање на пешаци кај што нема пешачки или претрчување на црвено.

Ќе се радувам. Ќе им носам вода на џандарите, да не ожеднат. И нови пенкалца ќе им однесам, кога ќе им се потрошат првите за саат време од пишување казни.

Дупка во буџет? Каква дупка во буџет?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10787 на: 12 Февруари 2015, 10:26:25 am »
Не, не е само ако не проаѓаат коли. Туку само ако се на доволно безбедно растојание и имаат место да закочат на време.

Па и јас истото го велам, не прочита?

Само се отвара прашањето кое е „доволно безбедно растојание“? Башка, според тебе, треба да гледам и во колата позади таа која ми надоаѓа, пошто првата кола може да оцени дека тој позади ќе ја опаша ако застане, па јас - и покрај тоа што сум оценил дека е „доволно безбедно растојание“ - да го јадам, пошто првата кола нема да закочи, а ја сум мислел ќе закочи.

Ти го гледаш као „ефективно давање на предност на колите на пешачки“, јас го гледам како културно однесување во сообраќајот.

Мхм. А ефективно давање на предност на пешаци на пешачки? На тоа не гледаш како културно однесување во сообраќајот, а?

Пешаците мислат дека „имам предност на пешачки“

Ма остај ги, будали. Никој не им кажал дека пешачкиот е безначаен украс на патот.

Како бе се бара внимавање од возачи, а не се бара од пешаци, велосипедисти и моторџии?

Не се бара од пешаци, велосипедисти и моторџии? Кој го рече ова? Никој.

Веќе некое време зборам дека се демонизираат колите. Овие муабети само ми го потврдуваат тоа.

Oвие муабети не ти го потврдуваат тоа, само така погрешно ги толкуваш.

ЕДИТ

Воопшто нема да ми смета ако по должината на Партизанска наредат 50-тина џандари што ќе казнуваат за непрописно проаѓање на пешаци кај што нема пешачки или претрчување на црвено.

Ќе се радувам. Ќе им носам вода на џандарите, да не ожеднат. И нови пенкалца ќе им однесам, кога ќе им се потрошат првите за саат време од пишување казни.

И јас исто.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10788 на: 12 Февруари 2015, 10:28:15 am »
Ајде стратро сега еден концепт за пешациве со конклужн, за да не окапеме до вечер на темава. И пред се да не се донесат грешни заклучоци.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10789 на: 12 Февруари 2015, 10:32:53 am »
КОНКЛУЖНС ВОЛ.2


1.Пешак смее да помине улица БЕЗ да премине на пешачки премин во случај на кумулативно исполување на овие 2 услови:
1a. Со неговото преминување не го попречува сообраќајот ( читај: ако нема коли)
1b. Најблискиот обележан пешачки премин е подалеку од 100м.
Во спротивно јаде казна.


2.Пешак смее да помине улица НА облежеан пешачки премин БЕЗ сигнализација само откако  обрне внимание на оддалаченоста и на брзината на возилата што му се доближуваат. Во спротивно , може дури и казна да јаде ИАКО поминал на пешачки.  
(Во пракса, исходот на постапката зависи од доказите и НЕ Е точно дека ако згазиш пешак на ваков пешачки премин секако го јадеш .)

3.Пешак кој ќе премине улица на пешачки премин СО сигнализација, во момент кога преминувањето му е забрането ( црвен семафор, џандар)...го јаде секако...шоферот не одговоара дури и пешакот да е мртов на лице место.

« Последно менување: 12 Февруари 2015, 10:39:47 am Stratro »

Отсутен Martin_GSM

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 891
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10790 на: 12 Февруари 2015, 10:35:45 am »
ако ми изрипа пред кола, ке го кренам на хауба, после нека се докажува кој е крив, една конзерва кит + пола кило боја е поевтина од човечка глава/ лекување 3-4 месеци.

е после нема да рипа ни тој ни братму ни братучед негов, ке си почекаат.

ние ко помали со учителката кога преминувавме улица по двајца за раче гледавме да нема коли, а ако имаше чекавме да поминат.

нема нешто поќе шо ме нервира дреми пред пешачки ко мисир, ме гледа дека наближвам со колата и тогаш ке му текни дека треба да премини, а зад мене нема кола во наредни 200 метра... стока

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29793
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10791 на: 12 Февруари 2015, 10:36:53 am »
Цитат на цитираното..

1. Безбедно растојание зависи од автомобил до автомобил. Затоа постојат правила и закони.

2. Ефективно давање на предност на пешаци на пешачки е тоа што се случува, барем кај културните возачи (меѓу кои се вбројувам и јас самиот) кога условите дозволуваат. Да не се повторувам сега. Се обидувам секогаш да застанам и да пропуштам пешаци, ако не ради закон, него тогаш ради feel good фактор и ширење позитивна енергија. Се радувам кога некој ќе ми се насмевме кога го пропуштам на пешачки.

3. Ако ми ја цитираш реченицата, цитирај ја целата. Јас не реков дека пешаците немаат предност на пешачки. Имаат, ама тоа не им дава имунитет да се понашаат ко морони.

4. Се бара одговорност од мене како возач, нека се бара и од пешакот, не да се прогледува низ прсти. Истото важи и за моторџиите (не толку многу) и за велосипедистите (многу-многу).

5. Драго ми е дека се сложуваме за казнување на пешаци. Уште да се сложиме дека пешачкиот премин не им дава непробоен оклоп, и на коњ сме.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10792 на: 12 Февруари 2015, 10:41:45 am »
3. Ако ми ја цитираш реченицата, цитирај ја целата. Јас не реков дека пешаците немаат предност на пешачки. Имаат, ама тоа не им дава имунитет да се понашаат ко морони.

Не ја цитирав целата реченица затоа што содржеше редундантен дел: никогаш ништо на никого не му дава имунитет да се понаша ко морон. Така да тој дел е ефективно без содржина.

5. Драго ми е дека се сложуваме за казнување на пешаци. Уште да се сложиме дека пешачкиот премин не им дава непробоен оклоп, и на коњ сме.

Џиха, џиха.

Ама чукш пред пешачки и немој да го пцуеш тој што те натерал да (гулп) подзастанеш за да помине. На пешачки има предност пешакот.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29793
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10793 на: 12 Февруари 2015, 10:43:51 am »
Има. Ама ако сум на дистанца од пешачкиот на која не можам безбедно да застанам, нема.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10794 на: 12 Февруари 2015, 10:44:59 am »
Ако не го видиш, предност има прв да бира парцела.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10795 на: 12 Февруари 2015, 10:46:31 am »
Има. Ама ако сум на дистанца од пешачкиот на која не можам безбедно да застанам, нема.

Дали ќе можеш безбедно да застанеш не зависи само од дистанцата, туку и од брзината. Уствари, уште повеќе: зависи од квадратот на брзината. Затоа - пополека пред пешачки, а не да си шибаш ко да е декор на патот.

Стварно, ај дефинирај „безбедно застанување“?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20700
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10796 на: 12 Февруари 2015, 10:48:52 am »
Саде експерти.

Цитат
Член 19
(1) Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на
коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.

(2) Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да
управува со возилото со особена претпазливост и да вози со таква брзина што
овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.

(3) Возачот е должен да го запре возилото пред обележан пешачки
премин секогаш кога пешакот започнува да чекори по обележаниот пешачки
премин.

(4) На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни
знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена
претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да го запре возилото во
случај на потреба.

(5) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (2), (3) и (4) на овој член.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55051
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10797 на: 12 Февруари 2015, 10:49:59 am »
Гробното место и плочата кој ја плаќа? Дали тоа е на трошок на семејството на пешакот, или на возачот? Како е тоа решено законски?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10798 на: 12 Февруари 2015, 10:51:00 am »
Гробното место и плочата кој ја плаќа? Дали тоа е на трошок на семејството на пешакот, или на возачот? Како е тоа решено законски?

Вaка е решено: де пердашат 300 евра.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10799 на: 12 Февруари 2015, 10:53:29 am »
Саде експерти.

Цитат
Член 19
(1) Возачот е должен да обрне внимание на пешаците кои се наоѓаат на
коловозот или кои започнале да чекорат по коловозот.

(2) Кога приоѓа кон обележан пешачки премин, возачот е должен да
управува со возилото со особена претпазливост и да вози со таква брзина што
овозможува во случај на потреба да го запре возилото пред пешачкиот премин.

(3) Возачот е должен да го запре возилото пред обележан пешачки
премин секогаш кога пешакот започнува да чекори по обележаниот пешачки
премин.

(4) На делот од патот по кој се движат деца или се поставени сообраќајни
знаци за учество на деца во сообраќајот, возачот е должен да вози со особена
претпазливост и со таква брзина што ќе овозможи да го запре возилото во
случај на потреба.

(5) Глоба во износ од 300 евра во денарска противвредност ќе му се
изрече на возач кој постапува спротивно на одредбите од ставовите (2), (3) и (4) на овој член.

Или..

Член 123  став (3)
На обележан пешачки премин на кој сообраќајот не е регулиран со
светлосни сообраќајни знаци, ниту со знаци што ги дава униформиран
полициски службеник, пешакот е должен пред стапувањето на пешачкиот
премин да обрне внимание на оддалаченоста и на брзината на возилата што му
се доближуваат.


Глоба во износ од 25 евра во денарска противвредност во мандатна
постапка ќе му се изрече на пешакот кој постапува спротивно на одредбите од
ставовите (2) и (3) на овој член


Овие два члена ќе се докажуваат на суд зависно од докази само во случај кога пешак поминал на премин кој не е регулиран со семафор или џандар, а го качиле на хауба.