Весели случки во сообраќајот тема нема а? Да се надоврзам со приказната со југото.
Си терам накај Прилеп со стоедното едно 90км/ч, ме престигнува едно БМВ 320, терам терам, и оп ете го бемвето, тера нешто 70км/ч.
Да не се влечкам, имаше и троа удолница, ќе засили стоедното појќе од гравитацијата одошто коњите, и јас цик цак, цик цак, цик цак,
до врата му дојдов, се пулит чоеко, и гази да го нема.

Уште едно:
Си возам накај Ресен едно 80км/ч со мегано, и гледам идат се збират коли зад мене 3-4, и иди угорницата кај братиндол ротино,
си одржувам брзина и се тргам во десната лента. Ме престигнува еден со ауди 2.5тдеи 90-та караван, зад него небаре на ќумур е,
тој 90 тера, и се трга и тој десно, арно ама зад него со едно кутивче од Сеиченто сам чоек вкола 100-ка бичи нагоре, ...,
ко се налуте овој со аудито, очајно гази дали гази, назад вулкани да еруптираат.
Појќе од 90 не крена, си замина со сеичентото другиот. Комедии

Ах колку ми фали една камера вкола...