Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3287381 пати)

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10185 на: 24 Август 2014, 12:35:08 pm »
Тоа значи дека се подесени најдоле уште од старт.
Овој период на годишни одмори, кога луѓево у гепек ке стаат 100кила товар, нормално треба и гумите да си ги проверат и многу побитно фаровите, инаку ке светат у небо.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10186 на: 24 Август 2014, 13:43:04 pm »
како прописно да се паркираш на ваква улица кај што нема паркинг?

Никако нема да паркираш.

еве, сакам на гости да идам кај некого во куќа. во неговиот двор има место за 1 кола и тоа е неговата... а јас мојата ке ја паркирам...? на дрво? на тераса да му ја однесам? ...?

Ќе го најдеш најблиското место каде што можеш прописно да паркираш и ќе паркираш.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7116
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10187 на: 24 Август 2014, 13:48:11 pm »
Ако возиш сам е ок, нека седнат тројца одзади кога ќе се крене предниот дел тогаш мора да ги поддесиш, ако имаш осет секако

А што да правам јас што неможам да ги подесувам и кога ке седнат позади луге или ке ставам товар, клекнува цела задница ?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10188 на: 24 Август 2014, 16:36:59 pm »
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10189 на: 24 Август 2014, 16:39:46 pm »
Ако возиш сам е ок, нека седнат тројца одзади кога ќе се крене предниот дел тогаш мора да ги поддесиш, ако имаш осет секако

А што да правам јас што неможам да ги подесувам и кога ке седнат позади луге или ке ставам товар, клекнува цела задница ?

Старите коли имаа механичко подесување под хауба. Полуга на фарот, која го насочува надолу, со еден потег. Без алат. Сигурен си дека не можеш да подесиш?

Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7116
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10190 на: 24 Август 2014, 16:41:43 pm »
Баш ке побарам да видам дали има такво чудо.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10191 на: 24 Август 2014, 17:40:18 pm »
Има, на секој фар по една полуга.

Јас ги пцујам смотаниците што не знаат дека на колите имаат фарови со висинско подесување.

безмалку година дена ќе направи корсата никогаш немам пипнато висинско подесување на фаровите а имам солидна километража преку ноќ.

Возиш сам или со екипаж? Товарен или нетоварен?

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7116
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10192 на: 24 Август 2014, 19:30:46 pm »
Старите коли имаа механичко подесување под хауба. Полуга на фарот, која го насочува надолу, со еден потег. Без алат. Сигурен си дека не можеш да подесиш?

Нема никаква полуга кај мене, сега проверив, фарот стои фиксно, метален оквир заштрафен со штрафови го држи и ништо повеке.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
  • Хюндай Тюсон
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10193 на: 24 Август 2014, 19:33:13 pm »
Кога како али на отворено повеќе со 4ца во кола ретко само 2. едноставно никогаш не сум се замарал со тоа. како што никогаш не сум свртел внатрешен ретровизор ако некој вози позади мене. Имам другар стално си игра со ретровизорот како од тоа да му зависи цело возење јас такви ситници многу не замарувам.

На спаркот пак кога ќе вклучеш кратки светла најпрво беа ептен кратки па потоа сами се продолжуваа колку што треба. незнам дали кај тебе е така или овој оти беше лс ова му беше некоја дополнителна опција. На почетокот многу ме нервираше после се навикнав.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10194 на: 24 Август 2014, 19:41:00 pm »
Старите коли имаа механичко подесување под хауба. Полуга на фарот, која го насочува надолу, со еден потег. Без алат. Сигурен си дека не можеш да подесиш?

Нема никаква полуга кај мене, сега проверив, фарот стои фиксно, метален оквир заштрафен со штрафови го држи и ништо повеке.

Треба да има горе еден штраф и доле два штрафа. Висината се шрелува со горниот штраф. Не знам дали е кај тебе истата конструкција. Тоест кај тебе се коцкасти фаровите, мое да е нешто различно.

Кога како али на отворено повеќе со 4ца во кола ретко само 2. едноставно никогаш не сум се замарал со тоа. како што никогаш не сум свртел внатрешен ретровизор ако некој вози позади мене. Имам другар стално си игра со ретровизорот како од тоа да му зависи цело возење јас такви ситници многу не замарувам.

На спаркот пак кога ќе вклучеш кратки светла најпрво беа ептен кратки па потоа сами се продолжуваа колку што треба. незнам дали кај тебе е така или овој оти беше лс ова му беше некоја дополнителна опција. На почетокот многу ме нервираше после се навикнав.

Па ретровизорот у принцип е најбитната работа која треба да се гледа после шофершајбната. Мене не ми е јасно како тоа ти возиш а не се замараш за висината на фаровите и ретровизорите, од тоа ти зависи безбедноста во сообраќајот. Кај мене иначе има 4 позиции за висината на фаровите. 0 е највисоко, 3 е најниско. Кај мене секогаш е наместено на 2 по дифолт. Ептен некаде кога возам  низ многу темни места тогаш ако имапотреба качувам на 1 или 0. Иначе низ град кога и не ми ни требаат фарови тогаш секогаш се на 2.

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
  • Хюндай Тюсон
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10195 на: 24 Август 2014, 19:47:10 pm »
А дали се скратат до крај па сами се продолжуваат? Кај мене на спаркот така беше затоа те прашав дали кај сите е така или само кај лс верзијата. И не мислев на странични ретровизори тие секогаш си ги подесувам туку на внатрешниот што се поместува за ако некој вози позади тебе да не ти свете директно. 

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10196 на: 24 Август 2014, 19:50:02 pm »
Не, кај мене секогаш си стојат на истата позиција. Кај LS може тоа да е опција сами да се местат жироскопски.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10197 на: 24 Август 2014, 20:08:38 pm »
Не разбирам зошто би ти биле на 2 фаровите. Никакво тролање, едноставно не ја гледам логиката. 0 е највисоко, и предвидено за секојдневно, нормално користење. Сите други нивоа се предвидени за соодветна оптеретеност на задниот дел.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7116
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10198 на: 24 Август 2014, 20:09:29 pm »
Треба да има горе еден штраф и доле два штрафа. Висината се шрелува со горниот штраф. Не знам дали е кај тебе истата конструкција. Тоест кај тебе се коцкасти фаровите, мое да е нешто различно.

И да е така, ја цело време отворај хауба, клуч, затегни, олабави на штрафовите ке правам. Ма ке му се невиди, немам друга работа. Да имам команда внатре како вие, нулта позиција, 1, 2 па ај, ама вака нема шанси хауби да отворам ако вечер планирам 5 души да возам во кола.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #10199 на: 24 Август 2014, 20:14:04 pm »
Знам на стокецот (и на други постари коли), има лептирче, го вртиш за 90 степени и се симнува фарот. Дигнеш хауба, флип на лептирчињата, и ете ги за натоварена кола.