Се возевме безвезе попладнево Аеродром - Визбегово - обиколница - Маџари - Јурумлери - Драчево - дома, и атаму негде, меѓу Горно Лисиче и Драчево, се разминуваме, патот толку е, колку да се разминат две коли, возам околу 40-50, еден со БМВ, на блага кривина, наместо да си фати лак - директно во мене. Прво аблендирам, па свирка, па кочам в место вртејќи најдесно шо можам за да го избегнам.
Овој ме гледа в очи и директно во мене до последен момент... Му летнала чавката!
Само се намножија позади волан последно време луѓе со летната чавка или само мене така ми се чини?!
Оти барем еднаш неделно ми се случува ова последниве два три месеци...