е да... немора сега да повторувате и да објаснувате реторички ситуации што веројатноста да се случат е 1:095730734986308739873948673987639846398467
Всушност ова е отприлика шансата органите на власта да ги спроведат законите, на рандом поединец. Сходно на тоа, толку и се почитуваат законите.

Кога шансата за евентуално казнување на прекршоците што упорно и редовно се прават, би била блиску до 1:1, сите овие дискусии за тоа што е непотребно/глупаво/смешно да се почитува (од законите), би биле суперфицијални. Како попчиња скоро сите ние би возеле 50/60 низ град (и поспоро каде тоа е означено), сите би биле врзани со појас (вклучително и тие што седат позади). Никој не би поминувал ни на жолто, каму ли на црвено светло. Сите моторџии и бајкери би носеле кациги, и ниеден пешак не би поминувал на црвено светло или на неозначни места.
Бројот на погинати, инвалидизирани и повредени во сообраќајни несреќи би бил стократно намален.
Се разбира фантазирам за утопија...
