Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3288087 пати)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
е да... немора сега да повторувате и да објаснувате реторички ситуации што веројатноста да се случат е 1:095730734986308739873948673987639846398467

Всушност ова е отприлика шансата органите на власта да ги спроведат законите, на рандом поединец. Сходно на тоа, толку и се почитуваат законите.  :)

Кога шансата за евентуално казнување на прекршоците што упорно и редовно се прават, би била блиску до 1:1, сите овие дискусии за тоа што е непотребно/глупаво/смешно да се почитува (од законите), би биле суперфицијални. Како попчиња скоро сите ние би возеле 50/60 низ град (и поспоро каде тоа е означено), сите би биле врзани со појас (вклучително и тие што седат позади). Никој не би поминувал ни на жолто, каму ли на црвено светло. Сите моторџии и бајкери би носеле кациги, и ниеден пешак не би поминувал на црвено светло или на неозначни места.
Бројот на погинати, инвалидизирани и повредени во сообраќајни несреќи би бил стократно намален.

Се разбира фантазирам за утопија...   :P

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Се разбира фантазирам за утопија...   :P

во моментов да... но нај искрено (иако несакам) се надевам дека некои битни работи ке се појачаат со казни... на пример проаѓање на црвено светло и за возила и за пешаци. престигнување на полна линија. не запирање на пешачки. пешаци да не проаѓаат кај ке им прдне. кацига носење и за моторџии искутерџии а богами и велосипедисти...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5394
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Тоа кај нас би можеле да функционира само БЕЗ џандари (пошто со нив ништо нема да функционира се додека не се постави систем на внатрешна контрола што нема да биде ни под полиција ни под МВР).
Значи транспарентен автоматски систем, со камери од сите агли на сите раскрсници во Скопје. Сите прекршоци да се објавуваат автоматски и на веб сајт (кој еден куп ентузијасти со задоволство ќе го кешираат, покрај гугл). Со ова се исклучува можноста на „кинење„ на казните, и „повикај пријател„ и сличните гомнарии.

Иначе ова е не е фантазија, системите постојат и се сосема фукнционални и достапни по цена.
Од друга страна, целосна фантазија е да се очекува дека во ваква корумпирана држава ќе бидат применети автоматски и транспарентни системи за справување со сообраќајни прекршоци. Од истите причини немаме и систем на вињетки и се малтретираме со патарини. Од истите причини имаме и ретардирно скапи регистрации и зелени картони во однос на просекот во регионот.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Филип, ти не пушиш/ пиеш/ јадеш додека возиш?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Јаде, баш се секавам кога се жалеше дека му ае истурило јогуртчето :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22281
Океј..вчера почна да истура..и ме фати дождот во кола.
Во рок од 10 минути се случи следново:

1.Ми помина пешак на црвено..едвај го видов.
2.Шевролет Круз почна од од десна лента да вози во косо во моја лента ( не знаеше правец да држи) , па морав со свирење да му укажам да не се учука во мене.
3.Мерцедес ЦЛ 500 (да, како мојот) на семафорите пред Скопски Саем каде има две ленти за лево (покрај саем) и една за право, од левата лента за лево , продложи право , и за малку овој што беше во десната лента за лево ке го удреше директ.

Па добро бре..што се случува со луѓево кога почува да врне?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore

Па добро бре..што се случува со луѓево кога почува да врне?


Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен ARMEX

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3616
Ахтунг, сајленс, голем е, остави го нека си каже.

Стратро, тоа е таа лудница, одма нешто прави краток спој во умот.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
...или комплетно незнаење да се справи со ситуацијата.. неискуство, приученост и фраерлук зад волан...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
од кога е донесен законот за ОБАВЕЗНО врзување за каиш? е па ете точно толку време (минимум) јас каиш немам закачено.

Пофали се.

немора сега да повторувате и да објаснувате реторички ситуации што веројатноста да се случат е 1:095730734986308739873948673987639846398467

Ова што го напиша и не е толку мала веројатност. :)

да.. може да се случат, па ако требало на мене да ми се слушат, ок, нека се случи...

Требало? Веруваш дека судбината ти е однапред испишана и дека ти немаш влијание на нејзиниот тек?

и не, не давам лош пример на никого.

Не, ич. Не е доволно просто да декларираш „не давам лош пример“ за навистина да не даваш.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
од кога е донесен законот за ОБАВЕЗНО врзување за каиш? е па ете точно толку време (минимум) јас каиш немам закачено.

Пофали се.

немора сега да повторувате и да објаснувате реторички ситуации што веројатноста да се случат е 1:095730734986308739873948673987639846398467

Ова што го напиша и не е толку мала веројатност. :)

да.. може да се случат, па ако требало на мене да ми се слушат, ок, нека се случи...

Требало? Веруваш дека судбината ти е однапред испишана и дека ти немаш влијание на нејзиниот тек?

и не, не давам лош пример на никого.

Не, ич. Не е доволно просто да декларираш „не давам лош пример“ за навистина да не даваш.

изгледа краток ти е мониторот, па не си го дочитал постот до доле.. не ти го собрало целиот текст... ај ке ти помогнам да дочиташ, бидејки имаше уште текст надоле... еве го:

не ме компарирајте мене и не ме зимајте мене за пример...јас сум лош пример.. не за друго, возач сум со пројдени неколку милиони километри и преку К ми е од возење и сите измислени правила за собирање пари...


а и секако, давањето лош или добар пример е за дечиња кои се развиваат.. во предшколска или школска возраст... не сум баш сигурен дека такви тука се членови...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
а и секако, давањето лош или добар пример е за дечиња кои се развиваат.. во предшколска или школска возраст... не сум баш сигурен дека такви тука се членови...

A кај тебе у кола унутра?

Едит за да избегнам даблпост. Цитирам од фејсбук френд:

Цитат
Еве, ќе ви споделам мое лично искуство од земјата кај шо освен камили се остало им е ново.. Катар.. Доха, единствен град.. на страна тоа, брои 100.000 катарчани и накај пола миљон бубашваби(читај Малезија, Филипини, Бутан ии остали од колибата на Чичо Том..) Е сеа, автопати профи.. 5 ленти.. макс дозволена брзина.. да, 120км/ч .. СИТЕ ама СИТЕ коли што се во државата си имаат вградено као алармче што им свири кога ќе поминат 100/ч и пак на 120/ч. Секако, и таму нема да му кажеш на некој арап да не го вози ламбурџинито испод 200, особено на профи најпраВ пустински автопат со 5 ленти.. НО! .. паметните, си постаиле специјални камери на секои 10км кои имаат брзинометри и сликаат(со блиц!) ако те фатат дека возиш со над 125.. и од напред и од позади.. Што се дешава потоа.. џандари..пајаци..нее батко.. ти стига смс по моб у следни макс 5мин со "You were caught speeding at the route XXX, penalty 3000qr/500e, have a nice day" .. И тоа е тоа ..[/quote[
« Последно менување: 18 Јули 2014, 15:58:53 pm filipv »

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
кај мене у кола е моја работа... ако ти се свиѓа вози се со мене ако не ајде гит надвор па вози се со пешки-такси-бус по твој личен избор...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
а и секако, давањето лош или добар пример е за дечиња кои се развиваат.. во предшколска или школска возраст... не сум баш сигурен дека такви тука се членови...

A кај тебе у кола унутра?

Едит за да избегнам даблпост. Цитирам од фејсбук френд:

Цитат
Еве, ќе ви споделам мое лично искуство од земјата кај шо освен камили се остало им е ново.. Катар.. Доха, единствен град.. на страна тоа, брои 100.000 катарчани и накај пола миљон бубашваби(читај Малезија, Филипини, Бутан ии остали од колибата на Чичо Том..) Е сеа, автопати профи.. 5 ленти.. макс дозволена брзина.. да, 120км/ч .. СИТЕ ама СИТЕ коли што се во државата си имаат вградено као алармче што им свири кога ќе поминат 100/ч и пак на 120/ч. Секако, и таму нема да му кажеш на некој арап да не го вози ламбурџинито испод 200, особено на профи најпраВ пустински автопат со 5 ленти.. НО! .. паметните, си постаиле специјални камери на секои 10км кои имаат брзинометри и сликаат(со блиц!) ако те фатат дека возиш со над 125.. и од напред и од позади.. Што се дешава потоа.. џандари..пајаци..нее батко.. ти стига смс по моб у следни макс 5мин со "You were caught speeding at the route XXX, penalty 3000qr/500e, have a nice day" .. И тоа е тоа ..[/quote[

Така треба и кај нас. Над 120 одма 500 евра казна и над 90 за комбиња и камиони.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Малку само бројките да ги поправиме, за приказната да е реална и добри ќе сме. Најмалата казна во Катар за прекорачување брзина е 100еур, а најголемата 200еур. :)

Цитат
Exceeding posted speed limit on the road.    
QR.500
And to be increased by QR.100 for every 10 km / hour of speed to the maximum penalty of QR.1000.

Дури поефтино од кај нас, можеш да си возиш 100кмч над дозволено за само 200еур. :)