(2) Возачот не смее да ја намали брзината на движењето на возилото до
таа мера што неговото возило претставува
пречка за нормалното одвивање
на сообраќајот.Се слагам со Стратро и потполно го разбирам. Може до сабајле да се збори.
И постојат непишани правил, морални обврски во секое поле, така и во сообраќајот кои треба да се почитуваат.
---
Инаку незнам ФилипВ што толку го дрви со тоа колку треба да се вози у град, стварно не ми е јасно. И незнам, ама ја коа возам низ град, ама ич не погледнувам кон брзината со која возам. И незнам како е можно некој да каже толку возам и крај.
----
Инаку некој имаше пишано за да се автоматизираат казните и слично.
Многу сакам технологија, нови ствари и слично, ама ниедна технологија нема да пружи нешто како човечкиот осет што може.
Имаме многу игри пример, симулации кои се прилично реални ама едноставно ништо нема да го замени она вистинското. Така и кај автоматскиве казни. Може ад се ептен точни, ама не е тоа тоа. Во Америка функционира. Системот на брзина е ретардиран. Возиш 62 ти стига казна дома пошто си возел повеќе од ограничената брзина. казните стигаат автоматски, го нема човечкиот фактор. (инаку сведок сум на казна, каде на мој другар у Уса дома му стигнаа казна дека возел 2 миљи над дозволеното). Па кај го има тоа човече.
---
И друго, пак ќе кажам нас културата ни е малце пореметена. Ете, пготово со автобусите, ама од многу разбирливи причини, кога секој КОЊ вози автобус. Абе се знае неможе секој КОЊ да се седне да управува автобус со толку патници. Уствари може само кај нас. автобу е јавен превоз бе и сегде има предност, тоа е во ред. И во европа и сегде, автобусот има предност. Ама тоа не го злоупотребува. Секој застанува да пропушти автобус, ама тој не се движи со 3 на саат, туку вози нормално. Кај нас нели ги направија и улиците, најдесната лента само за автобуси и што се деси ќе ме потсетите?
И сеа ја од една мала државичка, навикнат на ретардираниве наши автобуси, сообраќајна култура и слично, бев во "белиот свет" и го видов ова:
Скул бас има предност како и претседателот обама. Кога застанува, застануваат сите. Крај нема повеќе муабет едноставно сите застануваат! Се отвараат тие стоп знаци во лентите и ништо не е повеќе битно. Дали некој се брза за работа, дали некој незнам што, апсолутно небитно. Доколку детето кое се симнува од автобусот треба да помине улица, наставничката излегува проаѓа улица со детето се враќа и дури тогаш автобусот трга. пред да тргне, ги трга стоп знаците, ги пропушта возилата кои чекале позади него и дури тогаш тргнува. Значи иако има предност, он ги пропушта возилата, за да не прави дополнителни гужви па трга. Ама тоа се дешава у нормални драви. Дури на работа ако касниш, ако кажеш дека си заглавил позади скул бас, не ти прават проблем, никаков. Пошто сите имаат толеранција за тоа.
Ама имаат бе култура, возчите не им се искомплексирани КОЊИ кои имаат 10.000 плата се потат како волови и возат СТОКА народ.
П.С. Ќе ги замолам сите кои понатаму сакаат да постираат линкови од законот, а апсолутна немаат врска со тоа, најпрвин ад го прочитаат членот 2 од законот кој вели: Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следново значење - И да разберат што е всушност возило, што моторно возило, што пат, што е претекнување и слично, а не да се водат по сопствената логика.