Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2590023 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8505 на: 06 Февруари 2014, 12:13:32 pm »
Убаво име за тема смисли Стратро
Filip in Filipland
каде би можело да се продолжат повеќето од ваквите дискусии. Во некои форуми сум видел такви теми или подфоруми, многу се интересни. Секако во одделот комедија.

A new Florida law is targeting highway drivers, but this law isn't about ticketing drivers for driving too fast. Now, drivers can get a fine for driving too slow in the fast lane.

http://www.news4jax.com/news/slow-fast-lane-drivers-now-face-penalty/-/475880/20581164/-/8ccrhrz/-/index.html

[iдmg]http://th07.deviantart.net/fs71/PRE/f/2011/028/0/8/keep_evolving_by_marciopinheiro-d38889j.jpg[/img]

Tреба време, но еволуира системот натаму. Нема друг избор. Напредокот е неизбежен.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8506 на: 06 Февруари 2014, 12:15:06 pm »
@filipv, не ми е јасно, зошто не можеш да прифатиш дека спорото возење предизвикува несреќи? Ова е и еден од разлозите зошто жените - возачи, воглавно прават помалку несреќи, но во суштина предизвикуваат голем број од нив. (немам никакви полово-дискриминаторски нагони, туку еднаш слушнав на радио, како жените во суштина се подобри возачи, зошто учествувале во помалку незгоди, отколку мажите).

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8507 на: 06 Февруари 2014, 12:58:36 pm »
Зашто побогу се трудите нешто да се објасните со бугар filipv ?

;D

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8508 на: 06 Февруари 2014, 13:01:04 pm »
во контекст на што те нервира денес во сообраќајот..


ПАК ГИ ИЗМЕСТИЈА СЕМАФОРИТЕ ВО ЛИСИЧЕ. 3 мочани семафори се и сите 3 ги фаќаш на црвено, без оглед во кој правец идеш...


па добро бе пизда му матер. претходно си имаше вградено (тајмирано) зелен бран. си функционираше безпрекорно.  ставивте тоа смарт системите, се укочи сообраќајот. видовте дека не работи пак вративте на зелен бран испрограмиран. 3-4 месци си е топ и нема гужви. изгледа досадно ви беше и сакате да ги ебете лугево во здрав мозок, па пак го пуштивте тој систем и пак црвено цело време... кој К кој пи*ке материне си играте...
Све да им изнаонаквам, племето глупаво, 10 минути ми требаат да излезам од наслеба и да извозам еден мочан километар, кретеноиди неписмени!





Околу ситуацијата со автобусот и спорото возење. Тоа шоферите на приватните автобуси се да земеш јавно на плоштад да ги обесиш, племе неписмено дебилно(секоја чест на исклучоци). Мислам дека нема шофери у Скопјево што возат понебезбедно од нив. Порано коа тренирав фудбал у Маџари, скоро секој ден патував со 23ка и секојдневно ги имаш следниве дешавки: Вози со 10 на саат за да се соберат појше патници на автобуска, да напраи појше пари, тоа што некој треба да стигне некаде не е битно, ќе стигне утре, здравје боже. Додека вози со таа фантастична брзина си брои пари и не ни гледа напред, а уште помалку на ретровизор дека позади него се влече колона(и не Филипе, ова не е нормално у ниеден нормален свет), најлоша ситуација е што кочат на семафори на зелено, значи некој што си вози нормално со 60-70 може саглам да го бапне, ама иди докажи се дека автобусов кочел и дека се движел со цели 20км/х. Кулминација се достигнува, кога 23ка или било кој приватњак е во близина на автобус од ЈСП, е тогаш престануваат да важат сите закони за приватњакот, влегува во трка со ЈСП, се бута у ленти без око да му трепне дали е безбедно да се престрои(не зборувам за да се приклучи во сообраќај од станица) и се вози со ненормални брзини за автобус во градско подрачје. Значи Филипе, не е ќе си возиш позади него со 23км/х и ќе си сврикаш, зашто на некој пореметен дебил му текнало да вози така, со ниту еден комон сенес или револуционерен сенс, не можеш да го оправдаш намерното возење со 23 км/х. Значи не е нормално, болно е, треба да си психички не здрав, учествуваш во сообраќај на МОТОРНИ возила, на улица, пат, булевар каде што е предвидено движење на такви возила и таквото споро ненормално споро возење предизвикува иста опасност, како и ненормалното брзо возење.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8509 на: 06 Февруари 2014, 13:07:35 pm »
У ниеден нормален свет немаш поделен јавен превоз, се’ е под иста капа (една компанија, повеќе начини на превоз - метро, бус, трамвај итн).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8510 на: 06 Февруари 2014, 13:13:24 pm »
Да, ама не е тема сега тоа на муабетот, туку дека возењето со неверојатни 23 км/х претставува загрозување на безбедноста на сообраќајот. Тоа што две компании вршат поеднаква дејност не е проблемот кај нас, проблемот е што никој не ги казнува па затоа се понашаат така. ЈСП ги средија, значително подобро се однесуваат во сообраќај и почитуваат правила, приватњаците се дива лига, а барем сега со камериве можат полесно да ги казнуваат и да гледаат дека симнуваат патници на семафор, дека застануваат на места кои што не се предвидени за тоа итн... итн...

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8511 на: 06 Февруари 2014, 13:15:55 pm »
Да, ама не е тема сега тоа на муабетот, туку дека возењето со неверојатни 23 км/х претставува загрозување на безбедноста на сообраќајот. Тоа што две компании вршат поеднаква дејност не е проблемот кај нас, проблемот е што никој не ги казнува па затоа се понашаат така. ЈСП ги средија, значително подобро се однесуваат во сообраќај и почитуваат правила, приватњаците се дива лига, а барем сега со камериве можат полесно да ги казнуваат и да гледаат дека симнуваат патници на семафор, дека застануваат на места кои што не се предвидени за тоа итн... итн...

Јап. Тоутали агрии.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8512 на: 06 Февруари 2014, 14:40:43 pm »
A new Florida law is targeting highway drivers, but this law isn't about ticketing drivers for driving too fast. Now, drivers can get a fine for driving too slow in the fast lane.

Ова и кај нас е така. на аутопут ако се влечкаш, особено у најлевата лента, може и треба да попиеш казна

Да, ама не е тема сега тоа на муабетот, туку дека возењето со неверојатни 23 км/х претставува загрозување на безбедноста на сообраќајот.

На аутопут, со пропишан минимум над 23 км/х - да - претставува загрозување на безбедноста.

Низ град не. Низ град безбедноста се загрозува со ризично претицање и возење 90

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8513 на: 06 Февруари 2014, 14:41:22 pm »
Кај нас нели не смееш воопшто да си во најлева лента на автопат освен за претекнување?

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8514 на: 06 Февруари 2014, 14:45:42 pm »
@filipv, не ми е јасно, зошто не можеш да прифатиш дека спорото возење предизвикува несреќи?

Затоа што не предизвикува - освен на аутопут.

Низ град не предизвикуваат несреќи оние кои возат според правилата, туку оние кои не возат според правилата.

Ова е и еден од разлозите зошто жените - возачи, воглавно прават помалку несреќи, но во суштина предизвикуваат голем број од нив.

Не, во суштина нестрпливите мажишта со курови од пола метро, не можејќи да поднесат да возат споро позади жена, прават сообраќајќи. Жените ако ги почиуваат дословно правилата се за пофалба, а срам да им е на оние кои мораат по секоја цена да возат брзо.

Tреба време, но еволуира системот натаму. Нема друг избор. Напредокот е неизбежен.

Што се однесува до возење споро на аутопут - више сме напреднале колку и флорида. И ти не примети дека збори за аутопут и брза лента, а?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8515 на: 06 Февруари 2014, 14:48:25 pm »
Сабајлево за малку ќе се случеше лош директ судар кај мене во Ченто.

Права улица, двосмерна, испрекината линија со простор за претекнување..арно ама пред мене приватен автобус 23 ка кој се движи со 23 км/х...а   ама ич бре не му чуе..свират луѓе..око не му трепнува..

Се направи голема редица позади мене, јас прв на редицата,  а нормално сабајле, сите брзаат за на работа, плус зелен семафор се упали на крајот од улицата кој секој ќе го стигне ако вози 60 кмх.

Земав да го претекнувам автобусот и одма позади мене се залепи една Корса исто да го претекнува...
Од другата страна идеше кола која прикочи за да поминам јас али очигледно не го виде овој позади мене со Корсата...за влакно не се слупаа директива еден во друг.

Нормално, поради изгубеното време потоа морав наместо 60кмх да возам 90кмх низ Автокоманда за да надокнадам, повторно загрозувајќи се себи и другите во сообраќајот, бидејќи Југото има кочници како на ќерка ми точачето.

Ништо од ова немаше да се случи ако звтобусот се движеше побрзо...барем во граница на дозволените 60кмх.

Класичен пример дека спора вожња може да предизвика опасност, а во конкретниот случај можеби и жртви ако тој со Корсата позади мене не успееше да се престрои...а се заради непромислен копук во приватен автобус.
Буквално си ја опишал точка 3.
Цитат
(2) Возачот не смее да ја намали брзината на движењето на возилото до
таа мера што неговото возило претставува пречка за нормалното одвивање
на сообраќајот.
(3) Возачот чие возило заради техничката состојба, состојбата на
товарот или други причини не е во состојба да ја следи утврдената брзина
на движење на возилата на патот и со тоа го попречува нормалното
одвивање на сообраќајот, а заради непостоење на услови за безбедно
престигнување се создава колона на возила, е должен да вози по крајната
десна страна на коловозот, а ако и тоа не е доволно да го запре возилото
на првото погодно место надвор од коловозот за да ги пропушти возилата
што се движат зад него.
Сме го подзаборавиле законот изгледа, па да се потсетиме како гласеше.

@filipv, не ми е јасно, зошто не можеш да прифатиш дека спорото возење предизвикува несреќи? Ова е и еден од разлозите зошто жените - возачи, воглавно прават помалку несреќи, но во суштина предизвикуваат голем број од нив. (немам никакви полово-дискриминаторски нагони, туку еднаш слушнав на радио, како жените во суштина се подобри возачи, зошто учествувале во помалку незгоди, отколку мажите).
Никој не знае, што е тоа што сјае.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8516 на: 06 Февруари 2014, 14:51:12 pm »
така така... when everything else fails, simply state the original claim again as if no further argument occurred based on the original claim.

те поздравија флорида и германија

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8517 на: 06 Февруари 2014, 14:55:40 pm »
@filipv, не ми е јасно, зошто не можеш да прифатиш дека спорото возење предизвикува несреќи?

Затоа што не предизвикува - освен на аутопут.

Низ град не предизвикуваат несреќи оние кои возат според правилата, туку оние кои не возат според правилата.

Ова е и еден од разлозите зошто жените - возачи, воглавно прават помалку несреќи, но во суштина предизвикуваат голем број од нив.

Не, во суштина нестрпливите мажишта со курови од пола метро, не можејќи да поднесат да возат споро позади жена, прават сообраќајќи. Жените ако ги почиуваат дословно правилата се за пофалба, а срам да им е на оние кои мораат по секоја цена да возат брзо.

Tреба време, но еволуира системот натаму. Нема друг избор. Напредокот е неизбежен.

Што се однесува до возење споро на аутопут - више сме напреднале колку и флорида. И ти не примети дека збори за аутопут и брза лента, а?

Поспоро од вообичаениот тек на сообраќајот, возат обично несигурни и неодлучни возачи. Освен во црнечки маала, каде важи „two miles on hour, so everybody see me". Пошто немаме црнечки маала, остануваат овие првите, несигурни и неодлучни возачи. Кои и покрај тоа што почитуваат правила (донекаде), со нивните непредвидливи потези претставуваат огромен ризик.

Ама џабе цртам... џабе... Ми се иступе моливот.  


Нема врска со мажишта и нестрпливост и слични работи. Жените ги спомнав како пример. АКо некој помалку обраќа внимание од тоа што се случува во сообраќај од жени возачи, што се шминкаат, разговараат со колешката на задно седиште - нормално завртени према назад, зборуваат на телефон а воедно и споро возат - пошто нели - не може да обратат внимание на сообраќајот, мене к*от од пола метро, на 20 сантима да ми се скрати!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Kimi R

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3009
  • "Just leave me alone, I know what I'm doing"
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8518 на: 06 Февруари 2014, 14:57:43 pm »
Филип, ај објасни ми како тоа возење со 23км/х низ град, за да ти се соберат патници појше на автобуска, за да броиш пари истовремено и кочење на семафор кога гледаш дека е зелено и драстично намалување на брзина, не е загрозување на сообраќајот? Детално, концизно и прецизно, сакам да ми одговориш на прашањево.



Нема врска со мажишта и нестрпливост и слични работи. Жените ги спомнав како пример. АКо некој помалку обраќа внимание од тоа што се случува во сообраќај од жени возачи, што се шминкаат, разговараат со колешката на задно седиште - нормално завртени према назад, зборуваат на телефон а воедно и споро возат - пошто нели - не може да обратат внимание на сообраќајот, мене к*от од пола метро, на 20 сантима да ми се скрати!
Тоа е тоа, не враќа една другарка од град, ја седам на сувозачко, она вози 40ина км/х и си го зима фино лепо телефонот си уклучуе фејсбук и ми вика еј ај ѕиркај напред. Ми идеше да и ја шлапнам една!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8519 на: 06 Февруари 2014, 14:59:14 pm »
Аргументов со курој ми е на исто ниво кога некоја шмизла нема што да ти врати, па посегнува по „мал кур“ аргументи. :) Сирота.  ;D

Тоа е тоа, не враќа една другарка од град, ја седам на сувозачко, она вози 40ина км/х и си го зима фино лепо телефонот си уклучуе фејсбук и ми вика еј ај ѕиркај напред. Ми идеше да и ја шлапнам една!
Тоа се тие „обѕирни возачи“ кои возат 40кмч каде што 85% од луѓето возат 70кмч.