Сабајлево за малку ќе се случеше лош директ судар кај мене во Ченто.
Права улица, двосмерна, испрекината линија со простор за претекнување..арно ама пред мене приватен автобус 23 ка кој се движи со 23 км/х...а ама ич бре не му чуе..свират луѓе..око не му трепнува..
Се направи голема редица позади мене, јас прв на редицата, а нормално сабајле, сите брзаат за на работа, плус зелен семафор се упали на крајот од улицата кој секој ќе го стигне ако вози 60 кмх.
Земав да го претекнувам автобусот и одма позади мене се залепи една Корса исто да го претекнува...
Од другата страна идеше кола која прикочи за да поминам јас али очигледно не го виде овој позади мене со Корсата...за влакно не се слупаа директива еден во друг.
Нормално, поради изгубеното време потоа морав наместо 60кмх да возам 90кмх низ Автокоманда за да надокнадам, повторно загрозувајќи се себи и другите во сообраќајот, бидејќи Југото има кочници како на ќерка ми точачето.
Ништо од ова немаше да се случи ако звтобусот се движеше побрзо...барем во граница на дозволените 60кмх.
Класичен пример дека спора вожња може да предизвика опасност, а во конкретниот случај можеби и жртви ако тој со Корсата позади мене не успееше да се престрои...а се заради непромислен копук во приватен автобус.