Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2532248 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8475 на: 06 Февруари 2014, 10:19:44 am »
Гарантира дека мнозинството така ќе вози како што вози.

Да. Што во нашиов случај не е добра ствар.

Гарантира дека мнозинството така ќе вози како што вози, но не ни зборува ништо за тоа дали тоа возење е ок или не. Статистиките викаат „не“.

Гарнтира дека ако го почитуваш, секако ќе има помалку жртви.

Напротив. Онаму каде што правилата се почитуваат има помалку жртви. Треба пак да ја постирам светската топ-листата на изгинати на 100.000 коли? Ако возат сите ко сељаци не треба и ти да возиш ко сељак. Така не си побезбеден.

Во земјите каде што возачите најмалку почитуваат прописи и си возат по свое, таму најмногу гинат.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8476 на: 06 Февруари 2014, 10:24:24 am »
Не сфаќаш изгледа...

Со самото тоа што си пропишал правило со кое не се согласува мнозинството субјекти на кои правилото се однесува - Е ЛОШО правило.

Сосема друг муабет е да пропишеш правило во средина во која нема правила ( пример Индија) и воведуваш некаков си ред.




Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5257
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8477 на: 06 Февруари 2014, 10:26:21 am »
Во Скопје одамна повеќе не е можно да сметаш дека времето потребно за стигнување некаде со кола наутро (па и било кога подоцна), е време постигнато со 60км/ч фиксна брзина.
Решението за безбедно и навремено стигнување на дестинацијата на време, е тргнување порано. Не, возење со 90+км/ч и не, небезбедно претекнување.

Изговори со „морално„ оправдување на сопствените прекршоци има колку сакаш. „Каснам„ „Децата мора да ги однесам на училиште, градинка„ „Се успав, многу сум уморен (пошто дремев на интернет до ниедно време)„... и милион други варијанти од ова, дап сите сме ги правеле и ги правиме. И законите секојдневно и масовно се прекршуваат. И се случуваат несреќи. И луѓе гинат. И штета се прави, но ајде тоа е на последно место во муабетов.

Да се спроведуваа ревносно законите за безбедност во сообраќајот, огромен дел од прекршоците немаше да се прават. Ниту луѓе ќе гинеа во оволкава мера. Но законите се спроведуваат ретко и спорадично, што ги „едуцира„ возачите дека „пркшувањето на законите се исплати„. Дури си имаме и систем со казни на бодови, да можат луѓето да си планираат колку пати можат да си дозволат да бидат фатени во секојдневното правење пркшоци.


Дека цел овој муабет џабе го правиме, тоа е сосема јасно. Луѓето, во обем на целата генерална популација, едноставно не можеш со муабет да ги вразумиш. Пошто полицијата за К не ја бива (извинете ме на францускиот), јасно е дека треба систем за автоматско регистрирање на прекршоци и автоматско спроведување на казните. Тоа е лекот.
Најсмешното е што инфраструктурата за ваков автоматски систем веќе ја имаме во Скопје. Фалат ваљда само сензори за брзина и некој софтвер (имбецилно е што го земале системот без нив).

     



Цитат
At each local site, if a vehicle crosses the intersection during a red light or violates the speed limit, images of the vehicle license plate will be taken as evidence and stored on the computer. The computer will later transmit all images to the main control center, where evidence and violation notices will be processed and sent out to vehicle owners for payment collection. This requires long-distance transmission of image data from local sites back to the main control center and a reliable network for continuous operation.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54920
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8478 на: 06 Февруари 2014, 10:28:50 am »
Не сфаќаш изгледа...

Со самото тоа што си пропишал правило со кое не се согласува мнозинството субјекти на кои правилото се однесува - Е ЛОШО правило.

Особено во делот што правилото за брзина било пропишано кога Тито беше жив и Југославија беше во најдобри години. И не е сменето до ден денес.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8479 на: 06 Февруари 2014, 10:29:32 am »
Не сфаќаш изгледа...

Со самото тоа што си пропишал правило со кое не се согласува мнозинството субјекти на кои правилото се однесува - Е ЛОШО правило.

Особено во делот што правилото за брзина било пропишано кога Тито беше жив и Југославија беше во најдобри години. И не е сменето до ден денес.


Да ви се најдам во муабетот:


http://www.telegraf.mk/aktuelno/hronika/101485-nesreka-edno-lice-zagina-na-avtopatot-negotino-veles

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8480 на: 06 Февруари 2014, 10:32:51 am »
Денес малку фалеше да има уште една трагична вест, во отсуство на правило со кое забранува и казнува возење со брзина помала од 40кмх.

Дека Скопје е кокошарник и дека треба да се пази од нафурани фастенфјуриуси кои поминиваат на црвено, влагаат во макази и блендаат да им се тргнеш ( a возиш 90кмх)  имам кажано.

Дека лично обожавам да возам релаксирано на ниски рпм исто така кажано.

Али цела редица тргната накај работа колективно и релаксирано да си свирка возејки со 23кмх поради еден приватњак , тоа само во Filipworld.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5257
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8481 на: 06 Февруари 2014, 10:38:35 am »
Да не разберете дека ги бранам идиотите кои редовно возат со екстремно ниски брзини. И нив треба да ги казнуваат исто како и тие што возат над лимитот (или небезбедно претекнуваат). Но тука кривете го законот, пошто нема пропишано минимална брзина.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8482 на: 06 Февруари 2014, 10:40:52 am »
Со самото тоа што си пропишал правило со кое не се согласува мнозинството субјекти на кои правилото се однесува - Е ЛОШО правило.

Никако. И Симо сум го чул во овој правец да размислува. Ова што го велиш е антицивилизациски. Правилата секогаш се носат наспроти „природните“ стремежи. ТОА Е НИВНАТА ОСНОВНА НАМЕНА, затоа се измислени. Тоа е основната разлика меѓу дивјаштво и цивилизација. Ако законите секогаш кореспондираа со она како луѓето и вообичаено си прават - тогаш нема да има потреба од закони.

Замисли некој ти ја изгребе колата и ко за беља го фатиш жив. Прашај го мнозинството дали гребачот заслужува ќотек до посеруење и мнозинството ќе ти каже „да“. ТОКМУ ЗАТОА постои закон кој ти забранува да го тепаш. Пошто ако сите спорови ги решаваме со тепање - ќе се вратиме во дивјаштво.

За ова прашање многу е дискутирано низ историјата. Се смета дека најголем придонес кон теориското апсолвирање на оваа тема дал Томас Хобс.

Томас Хобс се интересирал, меѓу другото, за генезата на општеството - кој е круцијалниот момент кој ја прави разликата помеѓу цивилизацијата и дивјаштвото. Според него, општество не значи ништо друго туку живеење според правила. КОЈ ги измислува правилата и КАКО ГЛАСАТ тие правила, сега не не интересира. Не интересира само нужноста на правилата per se.

Замислете си дружина од десет гладни и нервозни дивјаци како талкаат низ џунгла. Одеднаш, пред нив блеснува купче од десет дебели банани. Рефлексите им се активираат, разноразните самоодржувачки нагони се вклучуваат, мускулите и вилиците се згрчуваат - и сите десет заедно за затрчуваат кон десетте банани. Се тепаат за нив. Еден дивјак грабнал пет и покушава да кидне, му се сипаат двајца да му ги земат. Две му зимаат и ги бутаат у уста, две се распаѓаат во жарот на борбата и се размачкуваат по земјата, петтата овој првиот ја голта сосе кора (за побрзо да ја изеде додека не му ја зеле и таа) додека корката и месото од бананата му се мешаат со крвта која обилно му тече од носот, како последица на тепачката. Другите седум дивјаци лом се прават околу преостанатите пет банани, кој сега веќе се две пошто три банани исто така се размачкале по земјата уништени... Како епилог, секој мајмун во просек изел помалце од една банана, и тоа по цена на скршен нос или други ситни повреди, и тоа малце што го изел било делумно изгребано од земјата и измешано со земја. Пичвајз.

Тогаш, на еден посебно мудар дивјак, додека си ја чешкал раскрвавената глава, му светнала следната генијална идеја: дечки, ајде следниот пат кога ќе налетаме на десет банани, да не се улетуваме сите како дивјаци некои, туку во мир секој да си земе по една банана. Така ем повеќе ќе јадеме, ем на мир и ко луѓе (а не ко дивјаци) ќе јадеме, ем нема да се испотепаме претходно и да ни тече крв. Како тоа, се зачудиле дивјаците? Па така, им рекол мудриов, следниот пат ќе се ВОЗДРЖИМЕ и нема да се испотепаме. Секој од нас ќе си земе по една, БЕЗ ОГЛЕД на тоа што во тој момент на дофат ќе му бидат повеќе од една...

Во тој момент, групата од десет дивјаци се трансформирала во мини општество - во организирана заедница базирана на СВЕСНО ВОЗДРЖУВАЊЕ од некои потреби и нагони, а со крајна цел - општо добро - т.е. подобро задоволување на ИСТИТЕ ТИЕ потреби и нагони. На сите да им биде боље.

Така, сите дивјаци, па и оние посилните, свесно се ОТКАЖАЛЕ од слободата да грабаат колку што можат банани. Тоа што МОЖАТ и САКААТ не значи и дека ТРЕБА.

Живеење во организирано општество не значи ништо друго туку, да повторам, свесно и доброволно откажување од некои права и слободи, но за возврат добивање на други права, слободи и можности, кои не би ги имале кога не би живееле во општество.

Или, накусо, кој сака све да биде дозволено, нека повели во Амазонската џунгла (таму нема полиција) и нека си прави што к*р сака. Но се додека тој некој живее во општество, има да се повинува на правилата кои владеат во тоа општество и има уште и „фала“ да каже. Законите и прописите не се совршени, никогаш не ни биле, и никогаш нема да бидат - но ЛОШИ прописи се подобри од НИКАКВИ прописи.

(да не се чудиш, овој текст го пишував пред повеќе години, но по потреба го копи-пејстам кога ќе видам дека муабетот иде у правец „законите треба да се прилагодат на навиките на луѓето, а не навиките на луѓето да се прилагодат на законите)

Али цела редица тргната накај работа колективно и релаксирано да си свирка возејки со 23кмх поради еден приватњак , тоа само во Filipworld.

И во развениот свет исто, не само филипворлд

Што те спречува да си свиркаш возејќи 23 км/ч? Брзаш? Тргни порано. Онака без конкретна причина се нервираш ако возиш споро? Скини ја возачката.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8483 на: 06 Февруари 2014, 10:42:15 am »
Да не разберете дека ги бранам идиотите кои редовно возат со екстремно ниски брзини. И нив треба да ги казнуваат исто како и тие што возат над лимитот (или небезбедно претекнуваат). Но тука кривете го законот, пошто нема пропишано минимална брзина.

Тоа се бара...и во населено место, и на автопат.
Тенкјуверимач.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8484 на: 06 Февруари 2014, 10:44:00 am »
Да не разберете дека ги бранам идиотите кои редовно возат со екстремно ниски брзини. И нив треба да ги казнуваат исто како и тие што возат над лимитот (или небезбедно претекнуваат). Но тука кривете го законот, пошто нема пропишано минимална брзина.

Тоа се бара...и во населено место, и на автопат.
Тенкјуверимач.


Невозможно. Иначе натоварените автобуси и камиончиња нема да имаат кај да возат, што е многу лошо за економијата.

Возиш 23 и си свиркаш. Тоа е.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8485 на: 06 Февруари 2014, 10:48:32 am »
Исто така бев сведок на нов начин на престројување кај детелинката на Бит-пазар:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Шта речи.

oх, ова не е ништо ново. Ова е древна традиција, стара колку и повеќето возачи кои ќе ги сретнеш на скопските улици. Се пренесува од колено-на-колено најмалку три возачки генерации.

Овој маневар ми е познат уште како дете кога бев.

ако на пластичната улица има повеќе гужва отколку што си мислел, па сакаш да се предомислиш и да не проаѓаш - тој е маневарот

петљата на пластичарска е стара неколку години... какви генерации спомињаш?
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8486 на: 06 Февруари 2014, 10:49:33 am »
зборам за U turn-от преку дупла полна

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34046
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8487 на: 06 Февруари 2014, 10:50:25 am »
Така е Филп. 100% се согласувам.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8488 на: 06 Февруари 2014, 10:52:33 am »
Да не разберете дека ги бранам идиотите кои редовно возат со екстремно ниски брзини. И нив треба да ги казнуваат исто како и тие што возат над лимитот (или небезбедно претекнуваат). Но тука кривете го законот, пошто нема пропишано минимална брзина.

Тоа се бара...и во населено место, и на автопат.
Тенкјуверимач.


Возиш 23 и си свиркаш. Тоа е.

Ок. Клик плеј додека гледаш и читаш.



http://www.dailymail.co.uk/news/article-2016721/Slow-drivers-dangerous-roads-cause-crashes.html
http://www.telegraph.co.uk/motoring/news/8649662/Slow-drivers-cause-the-most-frustration.html
http://www.weeklygripe.co.uk/a122.asp
http://www.esurance.com/safety/driving-too-slowly
http://www.express.co.uk/news/uk/443338/Driving-slower-can-cause-accidents-on-the-road-too

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5257
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #8489 на: 06 Февруари 2014, 10:53:35 am »
Невозможно. Иначе натоварените автобуси и камиончиња нема да имаат кај да возат, што е многу лошо за економијата.

Возиш 23 и си свиркаш. Тоа е.

Па не е баш така Филип. 20к/ч на рамно не е заради претовареност туку заради неисправност или одлука на шоферот (позади мене нема блиску други приватњаци, ајде ќе се влечам за да се соберат повеќе патници на следните станици). 40-50км/ч може да постивне секој натоварен камион/автобус.

Едно е ако се десил квар, ама ако го фаќаат истото возило како повеќе денови по ред задржува сообраќај... тогаш дефинитивно треба да има механизам за казнување и спречување на појавата.

Како и да е, ова не абсолвира небезбедно претекнување и возење над максимално дозволената брзина.