Објасни ми како на државата ќе и останат пари ако никој не прави прекршок?
Изземи ги сообраќајките со сериозно повредени. Збориме за нормално, секојдневно, +20 од дозволено возење.
возачите тренираат поспоро возење и пазење на прописи, и такви навежбани во просек ќе прават помалку тешки сообраќајки во неодредена иднина.
Сфати ги како тренинг. Вештината „возење по знаци“ си бара вежбање, како и секоја друга вештина.
Тоа +20 возење ако ти стане навика кај и да е ќе почне на моменти да се растегнува на +30, +40... се до наредната непрегледна кривина кај што е ограничување 50, ти си влегол со 80-90 и баш ко за инат има нешто лизгаво.. а ти 80-90
а вака, ќе те пернат за +20 некое евро, па статистички помалце ќе „растегнуваш“
почни од себе да го практикуваш ова, а не да вежбаш прсти на форум куцајки и правејки се безгрешен.
а државата ке ја оштетам јас со тоа што ке лежам во болница? ами тоа што плакам јас секој месец преку фирма здравствено осигурување? моите пари кај идат? па нели тие пари се токму за тоа? ам?
лесно ти е тебе друже... лесно ти е... работиш во фирма и зимаш плата. друг мисли да најде работа и друг мисли да плати даноци, осигурања и остали тракаташки за тебе. да те видам во обратна ситуација со мене или таквите како мене, на пример ете, мечето. ринташ како вол и на крајот секој месец (почеток на следниот) околу 100 евра иде во буџет од тебе. пауште 100 евра за жена ти, па уште по 100 евра за секој вработен...
и кога ке ми речеш дека државата нма бенефит од мене ако лежам во болница, да нема, ама не е ни во була, пошто ке ги употреби МОИТЕ пари што сум ги плаќал годиништа наназад. и ете иако сум плаќал, пак плаќам кога ке ми се деси нешто.... повекето знаат тука, паднав, искасапив ногата, ме шиеја, преврски, анестезии, хируршки зафати, секој ден на почетокот на “преповивање“ ово оно... секое идење на лекар, се чуствував како да идам на бакнирака кај владиката. по 100-че, 150-че оставаш на КАРТОТЕКА (а не каса)... а да... новина е дека почнаа фискални да даваат у болница. ебате беља...