Ризик голем било цигла меѓу луѓе да се фрла, ама очигледно на некој му се преполнила чашата. Ова копиљациве денес се невозможни. Ем се со коли, ем ги мрзи до Видиковец да повозат 5минути и на никој да не му сметаат.
Не е дека не сум бил на нивна возраст, и не е дека не сме се собирале... но на Водно, во парк, на кеј... не под балкони и отворени прозори каде спијат луѓе и мали деца.
Само не ги кривам јас копиљаците, туку државата (и општеството ама секундарно). Не смее бе да нема законско применување на законот за јавен ред и мир... Да, може првин опомена но со легитимирање и евиденција на прекршителите на законот. Е следото фаќање следува апсење, спиење во затвор, и после по брза постапка осудување на стотина саати општествено полезна работа.
Се се решава, но само ако органите за спроведување на јавен ред и мир си ја вршат работата. Но факт е дека не си ја работат работата, да ќе дојдат и демек ќе искараат и толку, никој не го интресира што понатаму.
Јас вакви страња имам летно време во камп кога одам, во Градиште. Ако се погодат такви копиљаци во близина, толку од одморот. Џабе зборење и пријавување, ништо не помага. Дури ни извадени осигурачи за струја...