кое црно шетање на органи со Џ ФОРС - Пукање имаш !!! што има врска како си закован за седиштето кога оддеднаш стопираш од 105 на 0, па баш ако си закован најголем е џ форсот
Не. Кочењето од 105 до 0 го имаш
во секој случај, пошто ако не си врзан просто си продолжуваш да се движиш и застануваш удирајќи се во внатрешноста на колата.
Прашањето е која е подобрата варијанта:
1. Да те закочи појасот, со фина дистрибуција на силата на голема површина или
2. Да те закочи внатрешноста на колата, со силите концентрирани во неколку точки во кои ќе се онадиш
И во двата случаи кочиш од 105 до 0. Прашањето е дали сакаш да те запре појасот преку целото торзо, или интериерот на колата кому-иде.
Ајде малце едукација: судар при мали „градски“ брзини.