Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3283133 пати)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7545 на: 11 Јануари 2014, 20:35:52 pm »
Возачот е глуп што ти си бил напор и си напињал во туѓа кола?

Не, убаво пишав зашто, не прочита? Глуп е затоа што дозволува да му се возат неврзани у негова кола. Без осет за ем по ве и менаџирање на ризик.

Нема врска чива е колата. Ја не напињам за другите, туку за себе. Не викам „врзете се сите“ туку „врзете се сите или ќе искочам“. Нема никакво напињање. Застани да искочам и никому ништо. Ни напињање ни бутур.

Напињање безврска кога МЕНЕ ме убедуваат пред да се симнам да не се симињам.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20888
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7546 на: 11 Јануари 2014, 20:40:01 pm »
Тоа не го прави глуп, туку го прави "не-ти". А пошто тебе ти е несфатлив концептот за постоење на таква ситуација, автоматски возачот е "глуп".

После модификацијата на твојот пост, ќе кажам "ок" :)

Прилично сум сигурен дека не би сакал да се возам со тебе у кола, без разлика чија е :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7547 на: 11 Јануари 2014, 20:41:48 pm »
Ako vozi nekoj kako sto treba nemozes ni vrata da otvoris na kolata (nad 220).

Прозор можеш ;D.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7115
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7548 на: 11 Јануари 2014, 20:43:12 pm »
@filipv, не ми одговори на моето прашање, баш ме интересира твојот одговорот. :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7549 на: 11 Јануари 2014, 20:54:35 pm »
Ако сум патник, а некој во колата не е врзан (на пример, некој од патниците позади) поставувам ултиматум: или нека се врзат сите, или те молам застани да се симнам.

Ако некогаш во иднина се случи јас да те возам во мојата кола, но мојата кола има само појаси на предните седишта, позади нема, дали би се симнал ? И дали воопшто би се качил во мојата кола да те возам ?

Не, не би се симнал. Би ми било шубе, ама не би се симнал.

За среќа, колите кои немаат појаси на сите седишта се во денешно време многу ретки, па така возењето во токму твојата кола не прави голема разлика од risk management гледна точка.

Но, да ризикувам затоа што некој НЕЌЕ да се врзе - од принцип не прифаќам.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7115
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7550 на: 11 Јануари 2014, 20:55:14 pm »
Ок, благодарам. :)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7551 на: 11 Јануари 2014, 21:04:29 pm »
само пи*иња тураат појас

;D

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3415
  • Хюндай Тюсон
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7552 на: 12 Јануари 2014, 00:35:52 am »
Ако сум патник, а некој во колата не е врзан (на пример, некој од патниците позади) поставувам ултиматум: или нека се врзат сите, или те молам застани да се симнам.

Ако некогаш во иднина се случи јас да те возам во мојата кола, но мојата кола има само појаси на предните седишта, позади нема, дали би се симнал ? И дали воопшто би се качил во мојата кола да те возам ?

Не, не би се симнал. Би ми било шубе, ама не би се симнал.

За среќа, колите кои немаат појаси на сите седишта се во денешно време многу ретки, па така возењето во токму твојата кола не прави голема разлика од risk management гледна точка.

Но, да ризикувам затоа што некој НЕЌЕ да се врзе - од принцип не прифаќам.

Кадетот позади нема појаси а на корсата има али оние за закопчување ме нервираа и знаат да прават проблем при седење да бодат во газот па ги извадив и сега нема каде да се закопчаат појасите. Коментар на ова? :D

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7553 на: 12 Јануари 2014, 00:59:57 am »

1:08  :D

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7554 на: 12 Јануари 2014, 03:44:29 am »
на пример јас би ти застанал да се симнеш па да видиме до кај ти оди блефот :)

Не е блеф. Еднаш (и само еднаш) се симнав од кола на наплатна велес. Обично ми мрчат, ама се врзуваат.

Да видиш таксисти како збунето гледаат кога им викам да се врзат. На еден не му работел појасот и ми викна по радио станица друга кола, на мое барање.

на дргае воље истоварам од кола мрчатори. до сега имам истоварено неколку пати... во моја кола кас сум газда и важат моите правила. ако тиа превила се косат со законот нека ме казни полиција, ама ти како совозач кај мене у кола има да ќутиш како риба. глеј си за себе, врзи си се ако сакаш.. ако ти е кејф ке ти додадам и федери од гепек да се доприцврстиш на седиштето.. ако мене ми попуваш како возам и дали сум врзан или не, спремен сум во недоџија да те истоварам и тоа во движење ако треба без ронка на совест да имам... биди сигурен...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7555 на: 12 Јануари 2014, 04:17:53 am »
онак пијан си, ептен сурово настапуваш :)

Отсутен Баги

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 794
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7556 на: 12 Јануари 2014, 06:41:53 am »
Samo se qrci... Na poslabi (fizicki)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7557 на: 12 Јануари 2014, 09:29:46 am »
на дргае воље истоварам од кола мрчатори. до сега имам истоварено неколку пати... во моја кола кас сум газда и важат моите правила. ако тиа превила се косат со законот нека ме казни полиција, ама ти како совозач кај мене у кола има да ќутиш како риба. глеј си за себе, врзи си се ако сакаш.. ако ти е кејф ке ти додадам и федери од гепек да се доприцврстиш на седиштето.. ако мене ми попуваш како возам и дали сум врзан или не, спремен сум во недоџија да те истоварам и тоа во движење ако треба без ронка на совест да имам... биди сигурен...

Сигурен сум, сигурен сум. Тоа е и поентата - да се симнам. Сакам да се симнам - разбираш? - кога не се врзани унутра, не е никаков блеф.

Може да настане конфликт само ако ЕМ не се врзуваш, ЕМ неќеш да застанеш. А ако застанеш да се симнам, тогаш е све у реду, нема никаков проблем.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7558 на: 12 Јануари 2014, 10:07:32 am »
Филип, ме возиш во твоја кола, а јас не врзувам појас. Ќе ме симнеш или ќе се симнеш?  ;D

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7559 на: 12 Јануари 2014, 10:11:39 am »
Филип, ме возиш во твоја кола, а јас не врзувам појас. Ќе ме симнеш или ќе се симнеш?  ;D

Колата сама ќе те симне (или врзе) со агресивното титкање  :) ја имам подесено да не престанува

иначе, кај мене е прво врзување, па после убацување у рикварц/прва.

не знам што толку џева дигате. Не терам никого да копа канал, ниту да крева тросед по скали. Толку ли е тешко тој појас да се врзе, пичка ли му мајчина? Толку ли многу барам? Еден мочан појас - врзи го ебаго. Не е никаков напор.