Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 3045312 пати)

Отсутен Bojan j

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3053
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7590 на: 12 Јануари 2014, 14:03:21 pm »
Се тумбав со кола, носев појас и јас и другарот. Немавме ни гребнатинка. Замисли без појас?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7591 на: 12 Јануари 2014, 14:07:07 pm »
Гледај да не ме сфативте погрешно јас не тврдам дека е посигурно без појас, јас само кажав во мојот конкретен случај каде што еден со појас другиот без излезе тој со  појасот го изеде многу повеќе од мене
« Последно менување: 12 Јануари 2014, 14:29:33 pm achtung »

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5362
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7592 на: 12 Јануари 2014, 14:19:12 pm »
во мојот случај под број 2 и ајде ако толку сакаш да ти докажам иста сообраќајка двајца во кола бевме, возачот со појас јас без, јас 3 скршени ребра, лево белодробно крило скинато со внатрешно краварење и фацата лом... Прати ме убаво пошто си убеден во себе, повредите на возачот со појас пукната слезина и извадена, 2 ребра скршени, клучна коска скршена и оперирана со ставени штрафови , вилица скршена и оперирана и површни повреди други... Задоволен?

Не ги знаме сите околности, дали во ротацијата колата удрила секундарно во нешто од возачката страна, итн. Повредите на пријателот се можеби баш од тебе кога си го удрил со глава или тело (а он после во стакло/врата), ти во меко си удрил и пријателот ти го амортизирал ударот.  ;)



фронтално со под мал агол и замисли со појас дека моментално од самиот џ форс ке ми пукнеа сите органи внатре, после додека лежев скоро 3 недели во болница доаѓаа и џандари а и лекарите истото го кажаа среќа си бил пијан а тоа значи си бил олабавен при ударот па си ја амортизирал самата сила  и без појас, а најголема среќа беше малиот агол што помогна колата да не прими директно напред во средина туку зафати измеѓу средина и левиот фар и како удрила се свртела обратно 

По тоа што го кажуваш, ударот во дрвото не бил точно на средина туку малку на страна и тоа довело до делумно пренасочување на векторот на движење, во ротација на автомобилот (и со тоа нецелосна конверзија на кинетичката енергија во целосно запирање, што би се случило при удар на дрвото со предната средина од колата (најверојатно полошо за вас)).

Мислам дека или не си ги разбрал докторите, или истите треба да се воздржат од реконструкции на автомобилски несреќи. Тоа е урбани митови, дека ако си олабавен помалку ќе се повредиш... се зависи од околностите. Или ајде пробај некој нека те здене со бокс во затегнат и после во опуштен стомак, па спореди потоа што повеќе боли.  ;)


Како и да ги завртиш работите, во сите ситуации е подобро да си врзан.
Освен можеби во случај на директен страничен судар, во (или со) нешто со остра ивица.
Погледај пак, и баш обрати внимание на повредите на внатрешните органи кога НЕ НОСИШ ПОЈАС:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=KrpGvq_Whao

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17845
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7593 на: 12 Јануари 2014, 14:23:40 pm »
...aaaaand we have вектори.

Колеги или фамилија сте со Филип? ;D ;D ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30266
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7594 на: 12 Јануари 2014, 14:24:10 pm »
Гледај да не ме сфативтеп огрешно јас не тврдам дека е посигурно без појас, јас само кажав во мојот конкретен случај каде што еден со појас другиот без изезе тој со  појасот го изеде многу повеќе од мене

А замисли возачот да бил без појас и да погинел (скраја да е)?

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7595 на: 12 Јануари 2014, 14:26:50 pm »
брат заеби ти вектори мектори јас ти кажувам што преживеав in live and personal

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55153
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7596 на: 12 Јануари 2014, 14:28:10 pm »

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7597 на: 12 Јануари 2014, 14:30:35 pm »
Гледај да не ме сфативтеп огрешно јас не тврдам дека е посигурно без појас, јас само кажав во мојот конкретен случај каде што еден со појас другиот без изезе тој со  појасот го изеде многу повеќе од мене

А замисли возачот да бил без појас и да погинел (скраја да е)?
што да замислувам како и да е и во овој случај јас ке поминев подобро од него :)

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5362
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7598 на: 12 Јануари 2014, 14:33:03 pm »
Пријателот, дебеличок е? Мекичок?  ;)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30266
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7599 на: 12 Јануари 2014, 14:35:38 pm »
Гледај да не ме сфативтеп огрешно јас не тврдам дека е посигурно без појас, јас само кажав во мојот конкретен случај каде што еден со појас другиот без изезе тој со  појасот го изеде многу повеќе од мене

А замисли возачот да бил без појас и да погинел (скраја да е)?
што да замислувам како и да е и во овој случај јас ке поминев подобро од него :)

Значи...

Не можеш да споредуваш што ти се десило тебе и што му се десило него. Ако ништо друго, седите на различни седишта. Насоката на движење е различна, бројот на работи во кои можеш да удриш се различни.

Да не праиме муабет дека сте различни луѓе, со различна висина, тежина и уште неколку други параметри.

Не можеш да споредуваш во стилот „јас не носев каиш, пројдов така-и-така, он носеше каиш и наеба повеќе од мене.“

Ти реков, не можеш да споредуваш, а не ни можеш да знаеш. Можеби ако возачот не носел каиш, ќе се опнел посилно во волан/ербег/шофершајбна и ќе погинел.

Ти терај си по своето..

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7600 на: 12 Јануари 2014, 14:37:12 pm »
брат заеби ти вектори мектори јас ти кажувам што преживеав in live and personal

Личното искуство, како аргумент во дискусија, е безвредно, и има многу добри причини зошто е тоа така. Не твоето личо искуство - чиво било.

Ако те интересира да прочиташ повеќе на таа тема:

https://yourlogicalfallacyis.com/anecdotal

"It's often much easier for people to believe someone's testimony as opposed to understanding complex data and variation across a continuum. "

Не можеш да споредуваш во стилот „јас не носев каиш, пројдов така-и-така, он носеше каиш и наеба повеќе од мене.“

Точно така.

Тоа е исто ко да кажеш „не е добро да бидеш непушач, имав дедо кој пушеше доживеа 90, а баба ми не пушеше и умре на 50“.

Не дека тоа не е вистина и дека е невозможно, но не може да биде аргумент.


Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7601 на: 12 Јануари 2014, 14:52:31 pm »
Ок ајде бесете ме, тепајте ме и ебете ме зашто кажав конкретен случај и како тој се коси против вашите мислења дека и да било така не смеело да се случи како што се случило... Друга работа ке се исцитирам сам себеси и како и што сум пишал КАЖАВ А НЕ ТВРДАМ пред неколку поста па вие ако сакате удрете уште една тура по мене "Гледај да не ме сфативте погрешно јас не тврдам дека е посигурно без појас, јас само кажав во мојот конкретен случај каде што еден со појас другиот без излезе тој со  појасот го изеде многу повеќе од мене"

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7602 на: 12 Јануари 2014, 15:01:17 pm »
Не се лути друже, сфати го ова најдобронамерно.

Среќа што си поминал релативно добро. Тоа е најважно.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7603 на: 12 Јануари 2014, 15:27:11 pm »
релативно добро со оглед на тоа што можеше да биде инаку јас си знам како колку ми беше добро :)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5341
  • Пиши лаже
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7604 на: 12 Јануари 2014, 19:06:35 pm »
Еве добро видео, можеби го знаете... Иако и јас немам навика да користам појас. Многу ретко ставам, некогаш само по автопат.

Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that