денес одсабајле (9 наутро) излагам да идам на лекар поточно кај туран да ми ја среди ракава пошто изместив нешто... стигам на паркинг, волвото предна лева гума на бандаж... ај у пм... брзо брзо трк до бмв-то па нема плин, па тртоли се до бензнска... стигнав кај туран... во ординацијата негова МИТИНГ пред врата. заглавив скоро 2 саати... излагам онак аутепан целиот, се вртам лево десно ми го нема бмв-то... распрашав наоколу и една типка вика аааа да... една сива голема кола, со пајак ја однесоа од поц... МАМАТА... ајде такси, до железничка, ај фини лепо 2500 за пајакот, ај уште 45 европски (25 бода) казна за паркирање на тротоар...
и така.. се враќам целиот полускршен кај волвото, вадам резервната издишана и таа.. абе у три лепе... ај прво на бензинска, па ај мењај гума па ај на вулканизер више дебело накурчен бидејки предните гуми ВЧЕРА ги ставив. не се нови ама се скоро нови. си викам сега вулканизеров ке го јаде... вади он гумата, ја пумпа, брч у вода, дупче од страна... ех беее... неможе ни овој да го јаде... нема везе, си платив лепење, седнувам идам дома, писмо од извршител, за јебени 3.700 денари неплатена струја во викендицата, бујрум ми вика 12.500 да си платите...
а тек е 4 попладне.. што ли се ке се случи додека да си легнам?