Денес видно изнервиран.
Незнам дали ако имам камера во кола ќе можам да пријавам во полиција.
Што се ме изнервира денес.
Морони, што свиркаат на семафори, само што се упалило жолто, ете ти го тииит, и што демек другите 20 коли на раскрсница не гледаме. Цело време еден возеше позади мене, па свиркаше и на пешачки и на семафори, а малото спиеше позади и се штрекаше на секое негово тииит.
Гуска што на сред Рекорд си сврте преку две пуни ленти, па уште свири за да ја пуштат додека се враќа во рикверц за да може да сврти, пошто од прва неможе нели. На сред Рекорд бе., и сите треба да чекаме додека гуската маневрира на цел булевар.
Малку подоле кај средново ЈБТ од тоа паркингот мал преку две пуни си тргна према АМСМ, ти кочи и бегај десно и пази да не залепиш некој, пошто кретенов што сече ленти, има стиснато пуна гас а башка и со Х5-ка е, па ако не закочам јас ке ме однесе во Доминос дирекно на сепаре.
Возењето во градов е кастарстрофа, во скоро време очекувам гифчиња од Скопјево, како оние што ги има во некој кинески градови, каде на раскрсница само мештанита знаат како треба да се помине.