Цел ден ме нервираат џандари по градов, се влечат 20 на саат на булевар, во кисела вода добив љут заканувачки шерифски поглед затоа што им свирнав додека разговараа а при тоа блокираа цела лента позади (која е и единствена), на смотанион семафор кај Фиком зградите.
После тоа култирно замолен полицаец да застанам 5 мин на паркингот кај кино Вардар, ама стварно 5 минути, се развика и беше дрзок како до трето колено да сум го пцуел. Кажи неможе и пријатно, а никој не им застанува тука позади собрание, сите им бегаат, јас поштен се правам, и мене ми се истури. После тоа крајслер застана до мене зошто см стоел со 4 жмигавци пред портана и зборев на телефон, и он ме гледа шерифски љуто. Тој поглед изгледа во штаб го вежбаат. Ако возам и зборам казнуваат, ете стојам и зборам, и пак се мрштат.
И да очекувам некој од нив да ми помогне, како не беееее......
Во друга земја ми имаат помогнато, во Солун влегов во тесна еднонасочна, и ме виде дека сум од северот ги запре колите на кој им идев контра и ме чекаше да се извртам, а јас со Митсу Л-200, почекаа богами додека се вртев, и после идеше со мене да ме исрави на прав пат пошто незнаеше Англиски да ми објасни.