
Денес кај Паркови и Зеленило на илинденска. (А и постојано на СИТЕ улици) Стока од народ кои одат право застануваат на лентата за помошно десно. Упорно. На комплетно празна улица, три ленти слободни он (коњот) стои на најдесната лента и си чека семафор за право. А гледа позади него на 10 метри дека оди кола со жмигавец за десно.
Да повториме уште еднаш, НИКОЈ нема на улицата освен овие две коли. Од ниедна страна не иде кола. Сам дечкото си стои на улица на најдесна лента. Никој не му смета. Така си одлучил дека тоа е неговата перфектна лента за стоење. Од три можни ленти, тој си одлучува дека десната - така - би била нај прикладна за да си отпочине додека го чека семафорот.
Ај да е гужва па се пикал, ок. Нема проблем! Ќе почекам, таман работа. Да е камион или автобус (А ОНИ ПА КО ЗА ИНАТ ВО НАЈЛЕВА ЛЕНТА ВОЗАТ ИЛИ НА СРЕДИНА ПОШТО СЕ СТОКА НЕЛИ И СЕ ТРКААТ МЕЃУ СЕМАФОРИ И ДО СТАНИЦИ!!!) ај да го разберам вози најдесно, така треба. Ама не е камион. Не е ни автобус. Туку е кола. Сама на раскрсницата. Толку сама, што може да искочиш од кола, да поодиш 20 метри до страната, да си наместиш митраљез, да си легнеш по пропис, и да си почнеш со едукација на животното, трошејќи го реденикот со 250 комада. И никој на не те ни види.
