Ама поентата е што има малоумни, на вакви временски услови кае се вози со 40-50 ти рипа пред кола како суво да е, треба да се има осет да дека не се кочи лесно, дека и да сакаш, стварно и искрено да сакаш да застанеш ќе го убиеш. Тоа е проблемот.
мене лани ми се деси таков не убав момент-лош момент.. се смрзнав... во принцип и јас секогаш пропуштам пешаци... ама овој пат спроти бисер, одма после автобуската... на еден од нај фреквентните пешачки премини БЕЗ СЕМАФОР, значи МОРАШ да ги пропуштиш пешаците... со само 25-30 возев во средна лента, а во лева и десна веке застанти коли пред пешаќкиот, замрзнато се, на 15 метри пред пешачкиот почињам да кочам, а волваков со се неговите 1,8 тона тежина си продолжи право, како во лер да сум го пуштил, а пак пред мене гледам пешациве у огромна количина (можда 30 луге) си проаѓаат мртви ладни, без да сврти глава било кој... на 2-3 метра пред пешачки се обесив на свирка, среќа што успеаја да се разбегаат... хируршки прецизно без да занесе си пројде колава меѓу двете застанати, продолжи право преку пешачкиот и застана на 3 метра после пешачкиот...
НЕМАТЕ ПОЈМА каква ладна пот и во која количина ми излезе на кожа во рок од 2 секунди... излегов од кола и почнав да им се извинувам на лугето.. еден почна да се дере како ке сум го утепал и него и жена му, друг застана вика нема гајле, па се изнајде еден дечко и почна да им се дере он на нив дека нели видоа дека неможам да застанам дека сите тркала блокирани лизгаат на мразот... СТРАШНО... да не му се деси на некој да го доживее ова, а камо ли да се деси нешто пострашно...
Тоа е она кое е најстрашно...
Првично секогаш како возачи ние сме криви било што и да се деси, а после пешаците. Нив не ги коментирам...Секогаш како пешак јас внимавам на овакви ствари, но не внимаваат сите..
Е баш тие што не внимаваат, ради нив се случува се и сешто, затоа и викам, ние како возачи во тој момент мора да внимаваме!!!
Инаку по секоја цена сме криви...
АЈ мање више казна, не казна, замисли, пу пу скраја да е, цел живот некого на душа да го носиш! Никому, па ни на душман не го посакувам тоа...