Сале е у право, на крајот од денот ние ќе искочиме криви, али муабетот ми е дека треба свеста на пешаците да е малце поголема! пред 5 минути, у ѓорче маж и жена ми трчаат на улица поминуваат нити на пешачки ни ништо, далеку многу бев, ама се опнав на свирката да им дојде можеби малце страв или од кај да знам. И јас сум пешак, не се родив у кола, ама бар гледам 15 пати лево и десно пред да помислам да поминам улица, а дали е пешачки или не не ми игра голема улога, не се ослонувам на тоа "тој другиот со кола да пази и да застане" туку кога јас гледам дека може да се помине поминувам!
И да треба да почне да се воведуваат казни за пешаци! како за сите така и за мене, доколку поминам на црвено ( за пешаци) радо ќе ја платам казната, пошто е моја грешка! А заради тие мои грешки, си го загрозувам најпрво мојот живот, животот на оние околу мене, а и на некој трет кој се нашол на погрешно место во погрешно време!
Само уште еднаш ќе кажам, ајде ќе сватам тоа да го прават средношколци у пубертет, не е океј, ама сите го поминале тоа, ама мајка со мало дете во рацете? Тоа е за мене незнам, нешто ретардирано, а да не почнам да зборам пензионерите што прават!
И секогаш кога возам иам 4 очи отворени за пешаци, од кај да знам од кај ќе рипне некој и у секој момент се обидувам да бидам подготвен да имам време за реагирање, ама како што кажав, некогаш неможеш, дали ради услови на пат или слично! Поготово со снегот!