Прееска идам од фудбал, и возам некаде 60 ... Ми се лепи еден од позади, и без жмигавец поминува на спротивна страна ...
Си возам со иста брзина, да ме помине полесно...
Од спротива му наидува колона возила, директно на него, он притиска на гас, а у меѓувреме намалувам за побрзо да ме претекне ...
Дечково у исто време почнува да кочи, за да влезе позади мене ... Се упрпа од претекнување ...
Дадов гас, му отворив пат зад мене да влезе ... секунди фалеа да се збрца директно...
Застанувам на семафор, и отвара он прозор, и вика, а бе такој ли се вози? Он на мене?
Ете, таква џукела ме изнервира, со уште 4 другари, да му излезев, ке се ставев у беља ...
Наравоучение, никогаш не дозволувај некој да те претекне!