Пред некој ден карши Алумина каде што се паркирани таксисти. Фино лепо има обележно место за такси возил со знак и исцртани полиња на асфалт. Е сега тоа не му е интересно па таксите се паркираат на тротоарот што е одма карши, дека таму има сенка.
Јас си одам накај дома со најлони во мене 100 и ови мангупиве дремат на сред тротоар и со отворени врати. Па јас морам да ги заобиколам, да излезам на пат, при тоа да пазам да не ми дојди кола и да пресечи на пола и нормално да внимавам на особата со мене што е.
Го прашувам фино такситот, дали знае дека од спротива има обележано место за такси возила и дали знае дека го попречува пешачкиот и велосипедскиот сообраќај?
Тој ми одговара: Дечко не беше тука ти кога се паркирав, да те прашам.
Им се заканив дека ќе ги пријавам во Полиција и Пајак служба, ама не го направив тоа. И сега се каам.
Требаше да ги пријавам во такси компанијата, во полиција, пајак да му викнам, мамата нивна, нека му летаа тоа дозволите и лиценците како пилци па да почнат да понашаат како што треба.