Се слагам и јас за културата на повеќето скутерџии, еве како искусен скутерџија

можам да го споделам мојот начин на возење.
Секогаш возам на десна лента (ова треба да важи и за поспорите автомобили/возачи), ако има само 1 лента возам на средина со зачестено гледање во ретровизор, штом видам кола како ми се доближува поднамалувам брзина, и се престројувам по на десно ... понекогаш приметувам и возачи кои што им е страв/шубе да ме претекнат па им мавтам со левата рака да ме поминат.
Нормално, кога има колона на коли минувам меѓу нив, и секогаш со рационална брзина, а кога нешто ми делува премногу тесно застанувам комплетно да видам да не се судрам со ретровизор на некоја кола. Ако не можам да поминам, замолувам некој од лево/десно возачи ако има место малку да се помести.
Наважно од се за безбедност на еден скутерџија е давање на трапкач, мислам дека тоа најмногу помага да не те собере некој на хауба или под кола.