Вчера во цел хаос низ населбава преполнет камион (од тие најголемите, највисоките кипери ) со кал/земја сакаше да заобиколи кола која беше пред него и со цик - цак маневар ми влезе во моја лента.
Закочив да го пропуштам али со оглед на тоа дека беше улетан, ми се искења со грутка кал колку една тупаница врз шофершајбна.
Не се изнервирав што е морон што со толкав камион се пика низ локални улички и сече ленти улетан.
Не се изнервирав што перена кола морав да ја мијам пак со црево од чиста кал која кога паѓа од таа висина ја прави лом пола шофершајбна.
Се изнервирав сабајлево кога видов дека шофершајната ми е изгребана кај што паднала грутката во горниот лев агол.