Колку сум среќен што не возам до работа! Секој ден гледам колони, тргни-застани, свирење, нервози, се дерат, се пцујат, искачаат од коли надуени па ко ќе искочи другиот брзо брзо си влагаат. Уфффф! Налет и кола и све. Му треба на Скопјенцево средување под итно, тоа финтата со пар/не-пар таблици некако се подобро ми звучи.
Му фали на Скопје комплетно нов план за транспорт, градење на нови улици. Кога го правеле планот никој не сметал дека цела МК ќе се досели во Скопје, па затоа и е проблемот со сообраќајот.
Vi fali pondila za site koi dosle
Не те разбрав што сакаш да кажеш.
Колку сум среќен што не возам до работа! Секој ден гледам колони, тргни-застани, свирење, нервози, се дерат, се пцујат, искачаат од коли надуени па ко ќе искочи другиот брзо брзо си влагаат. Уфффф! Налет и кола и све. Му треба на Скопјенцево средување под итно, тоа финтата со пар/не-пар таблици некако се подобро ми звучи.
Му фали на Скопје комплетно нов план за транспорт, градење на нови улици. Кога го правеле планот никој не сметал дека цела МК ќе се досели во Скопје, па затоа и е проблемот со сообраќајот.
Само форсирање на моторцикли и скутери и сообраќајот ќе е брзопотезно решен.
И 2-3 машини за resurfacing на асфалт. На пример како Качанички пат што треба да се изгребе и да се стопи асфалтот и пак да се стави. Недела дена работа во годината. Останатите недели уште 50 уличиња такви да се оправат и Скопје ќе е стакло.
И јас сум за форсирање на моторцикли, али со културата на возачите што моментално ги имаме, искрено страв ми е да возам мотор низ град.
Веднаш изговори?
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Не се изговори Дени, македонските возачи не знаат да возат. Јас возам само 6-7 години, но слободно можам да кажам дека фали сообраќајна култура и познавање на правила. Секој може да седне зад волан, ретко кој знае правилно да вози без да загрозува друг учесник во сообраќај.
Нека воведат камери низ цел град, нека фрчат казни за апсолутно секој прекршок, па после 2-3 години кога ќе се цивилизираат малку, може да збориме за мотори и слично што се далеку понебезбедни од автомобил.
Тоа е моето лично видување на моменталната состојба, и зошто јас не би користел мотор како секојдневно превозно средство.
П.С. Малце каснам со одговоров.