Од блиски извори. Кружниот тек на последна 24ка тек ке стои. Имотно правни нерешени, уште од претходна гарнитура. Типот барал чудо од пари. Договарање не е на повидок.
Тоа па со имотно-правните односи ич не ми е јасно, да му е*ам државата.
Државен интерес е булеварот да биде прав, а не стестнет. Да биде безбеден и пешаците да не се симнуваат на коловоз.
Прво, водњанска, па „крвиот мост“ кај железничка, после булеварот кај „Раде Кончар“ во аеродром, па во Ѓорче на 4-ти Јули, па сега овој кружен тек, сигурно уште 100-тици може да наброиме..
Е сеа, ако е државен интерес, пушти го багерот, нека сруши. На оштетениот нема ништо друго да му остане, освен да ја тужи државата. И ќе ја тужи. И државата ако е паметна, одма ќе оди на судење, и судијата ќе одлучи обештетување согласно пазарни или одредени други правила (вештак или што ја знам) за оценување на вредност. + уште некое обештетување ситно за нанесената штета и судски трошоци. Ќе биде веројатно нешто зијан државата, ама брате, булеварите ќе бидат булевари и мостовите ќе бидат мостови, а луѓето ќе добијат тротоари. Не разбирам што е толку тешко.
Спремни сме општини и држави да прекројуваме, али коа станува збор за селска меѓа, неее брате, патот ќе го напраиме крив, само по весници да не не' пишува.