Другари, ја уткаме поентата. Да се има јавен интерес значи дека секој може да се најде во ситуација да треба да се откаже од нешто - заради поголемо добро. Ама заедничко добро е да се обезбеди да не се чувствува изигран, онеправдан, ограбен. Да знае дека е заштитен по потреба.
Ние сме паланка заради стутулениот менталитет, ама и заради тоа што не можеш да не се чувствуваш изигран во било кој од погореспомнатите случаи. Освен ако си на другата страна на тендерот.
Нема ни кој да го води орото (на заштита на јавните интереси), ни кој да го игра.