Не знам кај е најзгодно да напишам, ама да известам дека добар дел од центар на Скопје е блокиран. Од Холидеј Ин кон Собрание, од Црвен Крст кон Рекорд се вози воедна лента (пред Градска болница имаше полициска трака, крим техничари и бројчиња за бележење докази по колите), а од Портата кон Рекорд, до семафорите две ленти, а од Рубин Кармин до поранешен Мекдоналдс се вози по една лента.
Топло препорачувам заобиколување на реонот во широк лак.