Автор Тема: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?  (Прочитано 2590512 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7830 на: 25 Јануари 2014, 21:14:19 pm »
Samo reeedovno prijavuvanje. Ako sega smeta kolku ke smeta letoska so otvoreni prozori.

Нема потреба да замислувам, под прозор ми „пеат“...

Секој ебан ден, истите говнарии, до 1 саат. Петоци е обично уште полошо, пошто се тера шема после работа, па од кај 16:30 па натака, се истите говнарии што ќе се репризираат после од 22 до 01. Убаини.

Битно, инспекторот у полиција ме просветли, дека у принцип џабе сум се јавувал. Адвокатот ме советува да терам урбана герила. Ах таа моја чудесна земја.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34067
  • Таков е животот... јебига
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7831 на: 25 Јануари 2014, 21:16:39 pm »
Замисли, мене ме викаа во станица на разговор зошто секој ден сум пријавувал кршење на закон. Кретени. Секако дека не отидов.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7371
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7832 на: 25 Јануари 2014, 21:17:26 pm »
^- Јас кога викам, ФилипВ ме прај малоумен ;D ;D ;D :D

а?

;D :D :D :D

Ти се серам у народот евтин, мрзлив, неук и тотално проклет.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7833 на: 26 Јануари 2014, 01:51:22 am »
Замисли, мене ме викаа во станица на разговор зошто секој ден сум пријавувал кршење на закон. Кретени. Секако дека не отидов.
Едина грешка е ако прекинеш да пријавуваш. И ако не испечатиш флаери со информации како се пријавува и не ги ставиш во сандачиња.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7834 на: 26 Јануари 2014, 07:54:23 am »
Pred nekolku godini na parkingot pozadi ministerstvo za ekonomija se sobiraa so koli navecer i rokaa tolku glasna muzika do 3 sabajle bese nepodnoslivo sse piese alkohol galama ogromna.Prijavuvaa vo policija kje dojdea kje razbrkaa tolpata i tolku za pola saat pak ista prikazna.
No edna vecer vo docnite casovi nekoj sosed vo mrakot im zafrli cigla koja mu ja rokna sofersajbnata na nekoj od muzikantite.Odednas stama pocnaa pcovki kolku sakas zakani i do den denes ni trga ni glas od deckite.Seuste ostana misterija koj im ja rokna ciglata no izgleda zavrsi golema rabota.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7835 на: 26 Јануари 2014, 09:06:32 am »
Ризик голем било цигла меѓу луѓе да се фрла, ама очигледно на некој му се преполнила чашата. Ова копиљациве денес се невозможни. Ем се со коли, ем ги мрзи до Видиковец да повозат 5минути и на никој да не му сметаат.
Не е дека не сум бил на нивна возраст, и не е дека не сме се собирале... но на Водно, во парк, на кеј... не под балкони и отворени прозори каде спијат луѓе и мали деца.

Само не ги кривам јас копиљаците, туку државата (и општеството ама секундарно). Не смее бе да нема законско применување на законот за јавен ред и мир... Да, може првин опомена но со легитимирање и евиденција на прекршителите на законот. Е следото фаќање следува апсење, спиење во затвор, и после по брза постапка осудување на стотина саати општествено полезна работа.
Се се решава, но само ако органите за спроведување на јавен ред и мир си ја вршат работата. Но факт е дека не си ја работат работата, да ќе дојдат и демек ќе искараат и толку, никој не го интресира што понатаму.

Јас вакви страња имам летно време во камп кога одам, во Градиште. Ако се погодат такви копиљаци во близина, толку од одморот. Џабе зборење и пријавување, ништо не помага. Дури ни извадени осигурачи за струја...  ;)

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7836 на: 26 Јануари 2014, 10:55:46 am »
Што и да правеле, фрлање цигла е тотално некоректно, опасно и моронски. Дури и да промашил човек, тој што ја фрлил циглата имал среќа што не го виделе кој е и што не му се качиле горе да го скичмат од тепање.

Има други начини. Јајца-мајца, нешто сериозно смрдливо, ово-оно. Ама цигла?

--

Од друга страна, стварно мислам дека тоа што се случува по паркинзи, дрн-дрн е резултат на немањето опции. Ноќниот живот во Скопјево се сведува на пиење (пре)скапо кафе во некој кафич, проследено со (пре)скапи пијачи и евентуално после тоа дробење ко сардини во некој „клуб“ каде музиката е ПРЕ-гласна до степен на трајни последици по слух, пијачките се пре-скапи и пре-разводнетни, итн, итн, итн..

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7837 на: 26 Јануари 2014, 11:04:13 am »
Ичкур не ме боли за нивните опции. Мали да не се планиниве околу?

Ние се собиравме позади зградите, и ни фрлаа вода од леген и си одевме. Имаа фрлено и стаклено шише. Еднаш имаа фрлено телевизор кај Палета. Навистина може да загине некој така.
Од друга страна фрлање на парчиња од свеќица по коли, скоро и да нема шанса да повреди човек.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7838 на: 26 Јануари 2014, 11:08:05 am »
1. Се слагам. Има многу други опции за собирање. Проблемот со планините е што не може да „импресионираат“ девојчиња со вуферите у Корсата.
2. Ете - вода, такви работи. Па и парче од свеќица на шофершајбна е прифатливо. Цигла не е.

Ние кога седевме пред еден влез, бабичката што живееше во влезот ни пушти вода во влез што се излеа и низ вратата и не можевме да седиме веќе таму. Паметно решение.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7839 на: 26 Јануари 2014, 11:10:36 am »
Што и да правеле, фрлање цигла е тотално некоректно, опасно и моронски. Дури и да промашил човек, тој што ја фрлил циглата имал среќа што не го виделе кој е и што не му се качиле горе да го скичмат од тепање.

Има други начини. Јајца-мајца, нешто сериозно смрдливо, ово-оно. Ама цигла?

+1

Емоциите не смеат да надвладеат, дури и кога е оправдано.

Мозокот и модалитетите неговата употреба е она што не разликува од животните.

2. Ете - вода, такви работи.

Mojoт избор би бил мрсна боја.... или помија... или говна+мочки... такво нешто.

Па и парче од свеќица на шофершајбна е прифатливо.

Не. Сепак можеш да повредиш некого.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7840 на: 26 Јануари 2014, 11:11:19 am »
Кај нас земаа уље и ги намачкаа сите места каде што може да се седи. (не е пристапно местото со коли)
Ете ви идеја уште една.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7841 на: 26 Јануари 2014, 11:17:02 am »
Навистина ноќниот живот во Скопјево е за никаде (посебно во однос на порано) а и стандардот е паднат, ама тоа бе не е оправдување за мрзливост, има милион места за каде дури и кола не им треба... а еве имаат и коли (или скутери).

Ама не, копиљациве мораат на паркинг пред зграда, да смараат до рано наутро. Пошто Парк, кејот, Водно... сето тоа е милион километри далеку.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29605
    • CARclub.mk
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7842 на: 26 Јануари 2014, 11:25:40 am »
На крајот на мојата уличка се излегува кон едно мало паркче со љуљашки за деца. Навечер таму се собираат деца (тинејџери) и се дружат, али генерално се тивки. Еднаш ги приметив дека пијат нешто (што не ми смета), али дека шишињата ги оставаат таму и/или ги кршат. Тоа страшно не изнервира пошто таму си играат деца, па и моите внуци. За среќа, дечките што чистат улици кај нас се многу кул, се погоди следниот ден да чистат, им нагласив, собраа до стакленце.

Копиљаците што ги имаа искршено шишињата ги начекав после една-две вечери пак таму. Прво фино им кажав дека ѓубрето треба да си го соберат и дека ни под разно не смеат да кршат шишиња. Се дрзнаа нешто да просерат, поделив 2-3 шамара и им кажав дека ако уште еднаш начекам скршени шишиња кај татковците нивни ќе одам (и стварно грубо знам каде живеат, Влае е мало, не е проблем). Од тогаш немало проблеми.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5281
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7843 на: 26 Јануари 2014, 11:42:23 am »
Идејата е да не мора да изиграваме шерифи. А и заебано време е денес, копиљаците не се она што беа некогаш. Прашај го тој шоферот од Брза Помош.

Се нема норми за минимум нормално однесување, се шетаат со ножеви и со шипки... не ти вреди ризикот. Нема да смениш ништо на подолг план, глобален е проблемот.
Треба често пријавување, од што повеќе граѓани, да се дига џева и да разбере полицијата дека не може постојано да забушава.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Што ве нервира во сообраќајот? Што ве изнервира денес?
« Одговори #7844 на: 26 Јануари 2014, 11:48:18 am »
zakanata za idenje kaj roditel e validna. delenjeto shamari e protivzakonsko. idenjeto kaj roditelite so pojasnuvanje shto i kako decata im pravat vo 90% situacii e delotvorno i ima efekt. onie 10% shto nema da bidat delotvorni zasluzuvaat samarcinja no i za niv ima lek, a toa e zakonot. vikni policija. ke gi resat po brza postapka.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време