Возач од ЈСП не сум пријавил сеуште, ама редовно се јавувам по такси компании да пријавам коа некој нивни „штитеник“ прави глупости.
мислам дека само кај овие што не се нивни колите има некое значење ако ги пријавиш, ова другиве јок бе.
така барем мислам
Во секоја такси компанија доколку пријавиш несоодветно однесување/возење, без разлика чива кола е следува санкција и тоа најчесто исклучување од радио станица(примање позиви) на 12/24 часа. Така да слободно пријавувајте ги несовесните таксисти(јес да се сите такви). Јас редовно пријавувам будали со надеж дека ќе им дојде памет малце.
не си ласкај дека си направил добро дело... си направил добро дело за мобилната компанија што си им потрошил 3-5 денари за телефонскиот позив....
од систем за не примање позиви казните се движат нај често од 4 до 12 саати.. мнооогу ретко 24 а скоро ич до 3 дена... и тоа нај често се казнува со такви казни по пријава за:
-не даден попуст на муштерии (ако компаијата има-дава)
-прљава кола од надвор
-прљава кола од внатре
-хигиенски не среден возач
-не платена членарина-доцнење повеке од 7 дена, а по сле и за секој ден екстра исклучување додека не плати...
за сообраќајни прекршоци и недолични понашања додека се во сообраќајот се задолжени МВР на РМ и нивните записници, поени и казни... никој од такси компанијата не го заболе дали овој или оној таксист со својата кола направил или не прекршок или нешто слично... како што рече марче, можеби, ама само можеби некакви казни би добиле оние што возат за плата во такси компанија, со возила на компанијата... и кај нив НИКАКО нема да биде со исклучување од систем , пошто ако возилото се исклучи и добие казна, тоа ти е како компанијата сама себе да се казнила заради грешка на шоферот, општо он вози за плата и едвај чека некој да го исклучи, а компанијата да не заработи... евентуално може да го казнат со нешто симболично и нешто минијатурно ако воопшто го казнат за такво нешто... како што реков, мвр на рм е задолжена за тоа... не компаниите...
п.с. заеби муабет на углед вадење и/или расиување... не важи тоа...