При поминување по дупки со колата приметувам на моменти тап звук од предното десно тркало. Нормално колата ја однесов на проверка на суспензија и беше констатирано дека дека шепата од кочницата удира во бандажот (ова се зборови на мајсторот). Дека не е ништо страшно и нема потреба ништо да се менува. Бидејќи колата е увезена од Германија проверив во последниот тив од 2016 година и истото е констатирано како замерка и таму ама колата има поминато на тив. Да било нешто пострашно немала да помине. Е сега ме мачат неколку прашања:
- Барав на интернет и открив дека проблемот се решава со дистанцери или сум нешто грешка?
- Бидејќи не ми е битен изгледот и дали тркалото ќе го потполни убаво крилото би одел на најтенки дистанцери 10мм или 13мм или 15мм
- Дали и можно само на предните тркала да се стават дистанцери или мора на сите 4 да ставам, мислам дали ќе влијае тоа на возните својства на колата?
- Каде да најдам квалитетно дистанцери, да не се правени на дребонг кај некое мајсторче? Да не нарачувам од странство...