АМАН БЕ ДО ТОЛКУ ЛИ СТЕ ПРОСТИ (со извинение)?! ПРУЖИНАТА ја држи колата, не амортизерот, треба цртеж, предавање посебно за да разберете за што служи амортизерот? Убаво ви пиша Луки, Симо, амортизерот служи за стабилизирање на пружината од осцилирање (клатење), тоа што
@FiLo ти УДАРАЛО нема врска со амортизерот, пружината ти е отидена пошто сВе си има век на траење. Тоа што од кога си ги сменил амортизерите па не ти ударало повеќе тоа значи дека амортизерот е ДВОСМЕРЕН (колку толку) па до некаде делувал и ко пружина при пропаѓање. Само спортски, ПРОФИ амортизери имаат реална (голема) улога при компресија (compression) а на обичниве 90% работата им е при влечење (rebound).
А тие глупи проценти на некоја си машина што нема појма што и како мери (гуми, висина на гуми, чаури, некои си безвезални коефициентиза што е добро а што лошо), не треба да ве интересира. Има посебни машини за тестирање на амортизер.