Би требало да имаш поудобна вожња, заради тоа што колегата на претходно наведениот инженер, ги мислел тие спирали за да бидат пониски, а да не губат премногу од перформансите поради тоа. Се разбира дека зависи до кој степен на „нискоќа“ би идел

Во разговор со луѓе кои повеќе се разбираат од мене у дотичната проблематика, ми беше гарантирано дека доколку јас ги ставам Eibach Pro-Kit кај мене на Лансерот (-40мм напред, -35мм назад), колата ќе добие лик (нормално нели), но нема да изгуби премногу на комфор, бидејќи спуштањето не е преголемо, ем башка Eibach се меѓу најдобрите фирми во тоа поле. А богами Лансерот е троа повисок, па комотно ќе го „трпи“ тоа спуштање

Од друга страна, ми било предложено да зеам шмишајбна (или како и да се вика) у рука и да сецнам круг до круг ипол, пошто нели, то му доџе исто на македонски, и најбитно е да се спушти колата, но јас лично, нити би се нафатил, нити некад би одобрил или препорачал такво нешто.