Провери на Autocentar.mk
Колку има поминато чим амортизерите се за мењавање?
Фала.
Околу 94.000 км.
Така ми кажаа во Олимпија и Мида, дека нема да е лошо да ги сменам бидејки има мало тропкање кога има патници на задна клупа.
Возилото што го имаш има една од најдобрите шасии, управување и комфор на пазарот. И такви возила има се помалку. Се заменуваат со ефтино ѓубре во сите категории и класи. Гледај да ти трае што подолго.
Особено при промена на работи од подвозјето мора да се води сметка да се исти како фабричките. Евентуално подобри, ако воопшто има кај нас. Мида се добри и Олимпија се добри. Само незнам што ти понудиле и едните и другите. Никако немој да одиш на заменски дел за подвозјето на оваа кола бидејќи го компромитираш најважното нешто за кое се окозиле инженерите.
Осигурај се кој модел се тие што ќе ги стават и на едното и на другото место.
Не штеди на подвозје на оваа кола. Се друго океј, ама подвозје немој. Секогаш најдоброто што може. Така ќе имаш вистинско Мондео, а не лоша копија како голем број конкуренти со класи послабо управување и помал комфор.