Дечки, ве молам за помош каде да сменам амортизери (предни/задни) за Lancer 2008. Мојов стандарден сервисер го чекав 2 месеци и баталив, бев во Vulco кај Раде Кончар и иако пишува АМОРТИЗЕРИ на билбордот, сепак не менувале...распрашав и уште 5-6 други, бев и кај едни на дијагноза во Кисела Вода ама немам уште инфо каде да нарачам/сменам.
Генерално ситуацијава е дека треба да се менуваат, тоа е дијагностицирано, така што ми треба инфо само каде да се јавам за да нарачаат и да ми ги сменат, толку време изгубив на ова, а не ми се оди во Мак Ауто Стар после неколку безвезни колења таму.