Дечки мало инфо. Што точно значат процентите кај амортизерите од технички преглед?
Само што се вратив од технички и вредностите беа 65% за преден лев, 66% за преден десен и 49% за задните.
Дечкото кој работи таму (иначе и ми е сервисер) вика одлични бројки, и дека нема потреба да се менуваат и дека ќе тераат бар уште 20.000км.
Мене малку ми беше загрижувачка бројката од 49% на задните, но дечково вика дека е нормално. Машината не ја гледала состојбата на амортизерот туку само колку % од вибрациите успева да ги елеминира. Ниту еден, дури ни нови автомобили немале вредност 100%, и вообичаено колку повисока класа толку подобри бројки.
Некакво искуство со тестовиве? Има некој остварено вредност од 100%, и кога да гледам дали амортизерите се спремни за менување?