Просто кажано, прво целиот клип е сместен подолу во однос на центарот на цилиндерот на амортизерот, движењето му е ограничено поради далеку помалото истегнување на спуштените пружини, па наместо да се движи клипот во 15-тина сантими за да ги дампира вертикалните движења на шасијата, амортизерот треба тоа да го направи во само неколку сантиметри (6-7 да речеме). Притоа компензирајќи за (речиси)истите сили. А тука е и ризикот од удирање на амортизерот во таканаречените „бамп-стопс“, притоа неколкукратно зголемувајќи ги оптеретувањата врз вентилите внатре во амортизерот, или полошо, ако ги нема, да удри клипот во дното на амортизерот и да се оштети многу побрзо. Имаше еден убав текст за тоа, го читав пред десетина години, ама не можам сега да го пронајдам за жал. Воглавно, затоа фабричките спуштени пружини се движат во рамките од 1.5-3 цм спуштање. Не повеќе. Афтермаркет најчесто идат од 3-5 цм, а веќе над 5цм обавезна е промената на амортизери со скратен цилиндер и со поцвртст ребаунд.