Автор Тема: Амортизери, Спирали, Суспензија  (Прочитано 493532 пати)

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4220
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1935 на: 05 Ноември 2018, 10:29:42 am »
Боље него сечење.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55107
  • Махер
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1936 на: 05 Ноември 2018, 10:39:21 am »
Боље него сечење.
Сечење си е сечење. Метал.

- Подобро од ГРЕЕЊЕ.


Отсутен RedMTac

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 16
  • Audi A3 2.0
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1937 на: 26 Ноември 2018, 11:50:25 am »
Дечки сакам за Ауди А3 2.0 да сменам спирали и амортизери? Како се движат цените за сите дали знаете и која марка? Тие морно гледам ги спомнувате ситњ

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1938 на: 26 Ноември 2018, 12:03:48 pm »
Дечки сакам за Ауди А3 2.0 да сменам спирали и амортизери? Како се движат цените за сите дали знаете и која марка? Тие морно гледам ги спомнувате ситњ

Монро се најдостапни во Македонија. Sachs и Boge се брендови кои важат за доста квалитетни. Sachs скоро секогаш се за нијанса помеки од останатите, и ако купувам нови амортизери, тие би биле мој избор.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8949
  • Пичлеме
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1939 на: 26 Ноември 2018, 12:08:43 pm »
Дечки сакам за Ауди А3 2.0 да сменам спирали и амортизери? Како се движат цените за сите дали знаете и која марка? Тие морно гледам ги спомнувате ситњ
Монро предни ти се околу 3000, задни околу 2000.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6993
  • Бенве сие бенве
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1940 на: 26 Ноември 2018, 16:09:42 pm »
Голема благодарност до членот @Luki Junior шти ми купи амортизери германски оригинал. Ќе ги монтирам во декември, кога ќе се вратам во Мк, не би сакал мајсторот да ме измами во мое отсуство. Мислам дека ги порача и сите приклучни делови. Очекувам 10кс плус после промената. Лесно е кога имаш човек горе :)

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1941 на: 14 Декември 2018, 23:12:02 pm »
Добро вечер клабери, денес на Фиестата ги сменив сите 4 амортизери и уште од старт возењето не ми беше баш смут, како да возам чамец и иако немам морска болест ми се слоши т.е. како убрзувам се повеќе нишање имаше колата гратис што и патиштата ни се со нерамнини, но од друга страна амортизерите се мн. подобри од фабричките (иако сум заборавил 6 години поминаа одкако биле нови) но во секој случај помалку лупање се осеќа на дупки, шахти, качувањето на тротоар скоро и да не се осеќа.

Прашањето ми е, да чекам неколку дена - треба да налегне нешто или има сериозен проблем, поради тоа што ми нема логика да треба да чекам нешто да налегне со денови, часови а во меѓувреме да треба да повраќам после 10 минути возење. Никаква друга примедба немам, кочењето е многу подобрено но наместо да се навалува колата нанапред и кога ќе дојде во мртва точка наназад да се стабилизира нишањето во кабината, она продолжува уште еднаш нанапред, прецизноста со остро вртење на кривини е исто така подобрена, но како што реков ко да јавам коњ или возам чамец на бранови кога возам на рамен пат при поголеми обртаи од 2000 и над 40/50 на саат и не веруем дека ќе се навикнам или ќе налегнат, али да чујам искуство пред да го замарам сервисерот и он да се жали во ауто лидер.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 763
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1942 на: 15 Декември 2018, 00:04:58 am »
Ти си навикнал да се возиш со издишани амортизери и сега откако си ја средил како што треба не ти чини. Не си ни прв ни последен, али така треба да се однесува таа кола со нормална суспензија :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1943 на: 15 Декември 2018, 04:57:16 am »
Не сфаќам што е проблемот може поубаво објаснување?

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1944 на: 15 Декември 2018, 13:39:45 pm »
Не сфаќам што е проблемот може поубаво објаснување?

Ко да возам чамец наместо автомобил на рамен пат (иако тоа е невозможно да се најде во Скопјево).
Кога ќе закочам ми се ниша колата повеќе од претходно.
Кога ја турирам исто така има нишање на предницата.
Кога ја возам во угорница или удолница не се осеќа ништо, амортизерите супер функционираат, качувањето на тротоар функционира боље него кога беше нова, едноставно само кога возам на рамен пат - добивам морска болест, јес да едвај 24 часа како ги возам, али сепак не е убаво чувството и ниту еден автомобил до сега што сум го возел, од прастар до најнов, од најнеудобен до повисоки класи - не се случувале овие нишања во кабината.
Проверив да не е случајно од самиот мотор проблемот и во лер се осеќаат уште повеќе. Бев утрово кај механичарот, неговата работа е се во ред, до сега никогаш немал проблеми со монро. Ми спомна викендов да ја извозам убаво или амортизерите ќе се навикнат на колата (што не постоело такво нешто) или јас ќе сум се навикнел на амортизерите :D

Али математикава ми излегува, побрзо да си купам нова кола.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44369
  • Il Moderatore
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1945 на: 15 Декември 2018, 13:41:09 pm »
Нека ја проба некој поискусен да каже, можно е нешто да не е ко што треба.... Ако ти се чини дека нешто не е ок, најверојатно не е ок...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17782
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1946 на: 15 Декември 2018, 14:01:40 pm »
Не е Фиеста најудобната кола во сегментот, можеби само си се одвикнал од чувството кога била нова... На Фиестата што ми е во фамилија, еве после 6+ години се осеќа минимално омекнување на амортизерите, ама пак си тресе на све и свашта, крути се амортизерите. Тоа е цената која се плаќа за најдоброто управување во својата класа :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1947 на: 15 Декември 2018, 14:39:24 pm »
Поедноставено:
Колата се потпира на спиралите, а амортизерите служат да ги скротат спиралите од континуирано движење.
По  премин низ нерамнини  без амортизери шасијата ќе плови горе доле (морска болест) а тркалото ќе потскокнува.
Амортизерите го спречуваат тоа ѕенѕање и го држат тркалото прилепено за асфалт.

Досега не ми се случило да бидат истечени до даска, но ми се случило еден да биде зарибан. При притисок врз него немаше никакво движење на шасија (камен).
Спротивно, кај истечен амортизер по притисок врз него шасијата неколку пати ќе се ниша пред да се смири.

Ова кај тебе е чудно...



Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1948 на: 15 Декември 2018, 16:24:32 pm »
Не смее да има никакви наудобности дур се возиш или клатења.

Отсутен Bender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 98
  • GSM Servicer
    • Search Girls from your city for night
Одг: Амортизери, Спирали, Суспензија
« Одговори #1949 на: 15 Декември 2018, 17:43:35 pm »
Не знам дали прочитавте, но ова се случува после промена на нови амортизери на Монро.
Со старите, истрошени до максимум имав многу поудобна вожња, само при дупки, калдрми и управување/кочење осеќав дека им е дојдено времето да ги менувам. Јас секако и колата за 2-3 месеци ја менувам, али вожњата е ултра лоша во моментов, да не речам и неподнослива.