Знам, и други имаше со добри искуства ... самошто незнам кај е проблемот ...
Едно знам дека на технички ако не им напоменеш (освен на АМСМ) не ги проверуваат амортизерите, освен ако од „чувство“ или „око“ не им заличат дека се за менување. А ако ги приметат така, најчесто се веќе на 10-30%. Па сеа ја имаш ситуацијата:
1. Амортизерите се за менување, ете решаваш да ги репарираш.
2. Најчесто не ги проверуваш откако ќе ги сменат(иако јас ги проверив и покажаа 75% и знаев дека ќе дојде до ова)
3. Носиш кола на технички и за да заштеди газдата на сервисирање на машината за проверка на амортизери, им наложува на вработените да избегнуваат проверка (освен нели од чувство и око а тогаш е веќе доцна) освек ако сам не си побара.
4. После неколку години веќе целата кола е нестабилна, и се донесува заклучок дека постапката мора да се повтори. А всушност цело време се вози со технички неисправни амортизери, освен првата година.
Инаку кога почнаа да ги фалат нивните репарирани амортизери, им напоменав дека имам поминато само 6000 км за тој период. Настана момент на тишина.