1.4TSI 16v direct injection - 90kW; 210Nm @ 1,500-4,000 rpm, compression ratio: 10.0:1
1.8T 20v indirect injection - 110kW; 220Nm @ 2,200-4,200 rpm, compression ratio: 9.0~9.5:1
Едно што има директно вбризгување и на мали вртежи кога не е оптоварен работи во т.н. lean burn, со што значително се штеди на гориво. Друго е што има поголема компресија, а тоа значи поефективно согорување на горивото. Трето е што турбото му е многу поефективно па од многу порани вртежи му е достапен максималниот вртежен момент, кој речиси е идентичен како оној на 1.8Т. Практично ако ги возиш и двата мотори до 4000 вртежи нема да има разлика во моќност. Над 4000RPM, 1.8T ќе се покаже како помоќен, но тогаш и потрошувачката неоправдано му пораснува. Исто така до 2200 вртежи, 1.8T е енергетски е далеку помалку ефикасен и е потром од 1.4TSI.
Од тие причини 1.4TSI е многу поекономичен од 1.8T