Автор Тема: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp  (Прочитано 20901 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7239
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #30 на: 24 Февруари 2012, 07:44:32 am »
golf ti e interesna maChina....
Shto pogolema konjazha, pomala potroshuvachka....:)
Na 2fast golfcheto 8 gradska....

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1301
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #31 на: 24 Февруари 2012, 10:03:04 am »
Голфот со тој мотор го вози жена ми, а и јас по некогаш да поуживам во него. Како и во рекламата, зошто да купам нешто како голф, коа можам да купам голф :)

Иако возам друго ауто, голф остана да биде единица мерка во класата. Истиот мотор го има и кај мене, и чувстовото е електрично, мирно и тивко. Рафинираност за која плаќаш поскапо од другарите во истата класа.
Да, троши 10 градска и алал нека му се! ( Додуше коа го вози жена ми иде и под 9 ).

Од дополнителна опрема би ти предложил УСБ прикључок, и секако наменските завеси (http://www.windesa.com/Index-en.html) кои можат да се купат во Порше Скопје.  Исто и Блутут, од околу 400 Евриќа.

Истото возило има повеќе од 135 КС, иако се декларирани 122.

Вози Мишко!

Отсутен Ivo 30

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #32 на: 24 Февруари 2012, 10:03:57 am »
Благодарам на сите за советите. Вчера ја земав (порано еден ден) ја утепав од возење, затоа не можев порано да пишам.
Топ е машината, за разлика од претходната 5-ка 1.4 80 ова е звер. Приметив потрошувачката со нормално стегање на бордот е 8.5 л/100 што е помалку од 5 -ка за 10-15%. Разликата во забрзување е драстична. Интересна работа е што на бордот ја пишува во која брзина возам и ти пишува со стрелка да смениш брзина погоре за економичност. Тука ме изненади кога на 40 км на саат пишува да ставам во 4-та, на 55 км 5-та, на 70 км 6 брзина, и потегнува добро (отприлика на 1350 обртаи стави поголема брзина). Многу ми се допаѓа што кога вртиш на кривина ти се пали халогенката на таа страна и ти го осветлува просторот што без тоа не го гледаш, кога ке свртиш постепено се гаси, и прегледноста е топ.
Дечки фала ви за се, ќе пуштам слики. Поздрав,    

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #33 на: 24 Февруари 2012, 10:12:21 am »
Не е така Томи.
Нешто како „Коњажа“ не постои, туку пости крива на моќност во зависност од вртежите и оптоварувањето. Понатаму постои нешто како ефикасност на претворањето на горивото во механичка енергија. Таа е поврзана со дизајнот на моторот. Крајно постои начин на возење, т.е. опсег на вртежи и степен во менувачот, што е крајна истанца за тоа колкава ќе биде потрошувачката.

Крузање на ниски вртежи во висок степен на менувачот резултира со мала потрошувачка. Обратно, крузање на високи вртежи во низок степен на менувачот резултира со голема потрошувачка.

Ефикасноста на согорување зависи од притисокот под кој се пали смесата. Повисока компресија на моторот резултира со поголема ефикасност. Меѓутоа и форсираната аспирација, т.е. турбо и суперчарџер, го зголемуваат притисокот, па така следователно турбо/супер-чарџер моторите се поефикасни. Дополнително турбо/суперчарџер моторите имаат улога на драстично зголемување на притисокот со што многу повеќе се полнат цилиндрите со запаллива смеса, а посебно на пониски вртежи. Токму затоа турбо моторите имаат голема снага/вртежен момент уште од рани вртежи.
Понатаму, ефикасноста на сите моторите е правопропорционална со вртежниот момент. Па така моторите се најефикасни(што не имплицира најекономични) кога и нивниот вртежен момент е најголем. Следствено турбо мотор кој на пример има максимален вртежен момент од 200NM од 1500 до 4000 вртежи е многу поефикасен од атмосферски мотор кој има 170 до 220NM од 3500 до 5000 вртежи. Од овде е веќе јасно зошто турбо-моторите се поекономични. Понатаму јасно е зошто дизел моторите кои имаат драстично поголема компресија од бенизнците, се по-економични.

Крајно зависи од начинот на возење. За еден ист мотор со различен начин на возење може да се постигнат бројки на потрошувачка кои се разликуваат во пати. Погоре опишав  за изборот на степен на менувачот и бројот на вртежи при крузање, но има и други фактори. На пример дали безцелно забрзуваме и потоа користиме кочница, да речеме од семафор до семафор. Понатаму, начинот на забрзување, дали забрзуваме пензионерски, што е не-економичен начин на возење, или пак забрзуваме агилно во опсег на вртежи каде моторот има максимален вртежен момент и е најефикасен.

Овие се примарни фактори за потрошувачката. Максималната моќност на моторот е само фиктивна бројка која нема никакво значење.

Пример 1. Форд Фокус 1.6 16v DOHC 115KS троши 10l бенизн на 100km во град. Истиот фокус со 1.6HDI 90KS троши помалку од 6l дизел на 100km возејќи по истите делници во град.

Пример 2. Golf 5 2.0FSI троши многу повеќе гориво од Golf 5 1.4TSI.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Ivo 30

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #34 на: 24 Февруари 2012, 13:40:01 pm »
Голфчето

[датотека избришана од администраторот]

Отсутен Ivo 30

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #35 на: 24 Февруари 2012, 13:40:39 pm »
Уште

[датотека избришана од администраторот]

Отсутен Ivo 30

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #36 на: 24 Февруари 2012, 13:41:12 pm »
3-та

[датотека избришана од администраторот]

Отсутен Ivo 30

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #37 на: 24 Февруари 2012, 13:41:35 pm »
Последна

[датотека избришана од администраторот]

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #38 на: 24 Февруари 2012, 13:43:35 pm »
Лелееее па уште црно!!!! Перверзии!!!!!!!!

Отсутен Ivo 30

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #39 на: 24 Февруари 2012, 13:51:28 pm »
Претходната беше црна супер и стоеше, сега сакав да сменам ама на лагер со оваа опрема беше црна. И не згрешив, сопругата сакаше карбон, јас сива металик, ни по нејзе ни по мое, црна. Мене исто бојата ми е топ само со нашине врапци, чавки, абе многу јадат и ми ја прават колата среќна секој ден:) добро е што кравите не летаат, па прљави патишта и перална секоја недела малце е заебанција.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #40 на: 24 Февруари 2012, 14:25:37 pm »
Со здравје да си го возиш.
Тоа напред фарот, замаглен ти е или така се гледа од сликата?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #41 на: 24 Февруари 2012, 14:27:48 pm »
Има решение ако е замаглен, и тоа многу просто. Кажи ако треба помош. :) А за 4300к се подразбира дека треба да ставиш. :)

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #42 на: 24 Февруари 2012, 14:35:10 pm »
Решение ако е замаглен нов да му дадат :)

2 дена му е колата, нема што решенија да смислува.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Ivo 30

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #43 на: 24 Февруари 2012, 14:39:45 pm »
Надворешно е замаглен, ја проверив колата цела, само од доле не сум ја видел како што треба, немам скејтборд :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #44 на: 24 Февруари 2012, 14:40:52 pm »
Aaaaa чим е толку нов, одма ќе ти го сменат. Пожали се само.  ;)