Автор Тема: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp  (Прочитано 20894 пати)

Отсутен Ivo 30

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 13
VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« на: 23 Февруари 2012, 10:18:47 am »
Здраво Дечки,

Нов сум на форумов,
Нарачав Голф 6, highline, 1.4 tsi 122, изгледа утре треба да ја земам од Porse Mk.
Претходно имав Голф 5, 1.4 80 hp, Trendline so Starline пакет (солидна опрема), пред месец дена ми се деси заебанција - пречки на автпатот (ако може да се нарече автопат) пред Велес, па сега е во Porse, па тужење со Македонија пат и сл.
Излегоа комбинации па се одличив за Голф 6 Тси. Предходно се распрашував нормално, па седење на интернет, форуми и сл.
Немам искуство со турбаши, не е твин турбо, само турбо, локални муабети дека нема многу да трае, прашав луѓе што се разбираат, велат релтивно нов мотор имале заебанции првите 2 години 2008, 2009 сега сите зврчки ги остраниле. Највеќе правел проблеми 1.4 160 hp, додека овој мотор 1.4 122 според инфо од интернет бил најдобар бензинец и најрафиниран.
Сега некои велат треба да се загрева малку, па да се почека пред да се изгаси (поради турбината), како што реков немам искуство со овој мотор. Доколку имате повеќе познавања и лични искуства, споделете.
Поздрав,

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #1 на: 23 Февруари 2012, 11:02:56 am »
Честитки......  битно е тебе да ти се допаѓа и да ти прави ќеф

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1213
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #2 на: 23 Февруари 2012, 11:21:59 am »
Со среќа, убаво ти кажале, нови мотори, да имаш среќа да ти се погоди.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #3 на: 23 Февруари 2012, 11:44:54 am »
Со здравје да се служиш и да го газиш турбинчето! Батали ти муабети на љубоморни луѓе. Врвно возило од „Голф“ класа. Па уште Хајлајн? Крај на програмата. Би те повикал да дојдеш на некој собир да го покажеш ремек-делото од автомобил и на останатите членови.

Добредојде. :)

П.С. Јасно ми е зошто си имал Голф и пак си земал Голф. Еднаш кога ќе согледаш, многу е поубаво. Како и да е овојпат вистински голф - а не трендлајн.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #4 на: 23 Февруари 2012, 11:56:10 am »
дени па Гебелс бил мала беба за тебе :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7239
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #5 на: 23 Февруари 2012, 12:17:13 pm »
Здраво Дечки,

Нов сум на форумов,
Нарачав Голф 6, highline, 1.4 tsi 122, изгледа утре треба да ја земам од Porse Mk.
Претходно имав Голф 5, 1.4 80 hp, Trendline so Starline пакет (солидна опрема), пред месец дена ми се деси заебанција - пречки на автпатот (ако може да се нарече автопат) пред Велес, па сега е во Porse, па тужење со Македонија пат и сл.
Излегоа комбинации па се одличив за Голф 6 Тси. Предходно се распрашував нормално, па седење на интернет, форуми и сл.
Немам искуство со турбаши, не е твин турбо, само турбо, локални муабети дека нема многу да трае, прашав луѓе што се разбираат, велат релтивно нов мотор имале заебанции првите 2 години 2008, 2009 сега сите зврчки ги остраниле. Највеќе правел проблеми 1.4 160 hp, додека овој мотор 1.4 122 според инфо од интернет бил најдобар бензинец и најрафиниран.
Сега некои велат треба да се загрева малку, па да се почека пред да се изгаси (поради турбината), како што реков немам искуство со овој мотор. Доколку имате повеќе познавања и лични искуства, споделете.
Поздрав,

Со здравје да се служиш Иво ..
Тоа дека нема да трае, зависи од тебе, впрочем, како и секоја кола, 90% зависи како ке ја одржуваш, возиш и чуваш...

Имаме член тука со 160 кс моторот, досега се нема пожалено воопшто од колата, чак што више, и ја чипуваше на 220 КС + ...
Убаво моторче, снажно, и освен базичните совети да не го гасиш по агресивна вожња, редовна проверка на масло, и глобално, редовна проверка на состојбата на колата, не би можел да ти кажам ...
Немој да забораваш од време на време да ја издуваш на автопат на повисоки обртаи :)

Да го претставиш во гаража кога ке го земеш ...

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #6 на: 23 Февруари 2012, 12:43:36 pm »
Prekrasno vozilo, so zdravje da go vozis i mnogu bezgrizni kilometri ti pozeluvam.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #7 на: 23 Февруари 2012, 12:44:55 pm »
Прво, честито за изборот. Јас возам месец дена стар Golf VI 2.0 TDI Highline.

Да, точно ти рекле дека турбаш си бара малку повеќе грижа, но немој да се вадиш од памет.

1. Кога ќе го земеш од салон, прашај ги дали го има најновиот софтвер. Тоа ќе дознаеш по тоа дали има индикатор за промена на брзина на борд-компјутерот. Со најновиот софтвер потрошувачката е симната за ~1 литар.

2. Не се вади од памет првите неколку илјади километри. Ќе троши повеќе, додека да се разработи машинчето. Колку што знам, VW има некоја софтверска заштита на моторите, и првите неколку илјади километри трошат и до 1 литар повеќе.

3. Првите 1000-1500 км, вози го без претерано стискање.

4. Да, турбинчето си бара повремено „издувување“. Искористи ги шансите кога си на автопат да го држиш на повисоки вртежи, да искочи ѓубрето што се собира.

5. Да, кога го возиш ентузијастички (и брзо) не треба веднаш да го изгасиш моторот. Кога ќе завршиш со возењето, остави го околу една минута да поработи во место пред да го изгасиш. НО, ако последниот километар-два пред да застанеш си возел нормално без газење, тогаш нема потреба.

6. Уживај во насмевката секој пат кога ќе се вклучи турбината. :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #8 на: 23 Февруари 2012, 13:27:05 pm »
Ихааа значи со новиот софтвер и после 3-4000км, голфчето ќе троши 3.2 л/100км.
;D ;D ;D

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #9 на: 23 Февруари 2012, 13:31:00 pm »
Не, него првите ~3000 километри ќе троши 9, после тоа ќе троши ~8.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #10 на: 23 Февруари 2012, 13:39:10 pm »
^^ Тешко 9 да покаже. Ептен гужви или газење ко луда крава. :)

Присутен Z128

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 378
  • ? ? ?
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #11 на: 23 Февруари 2012, 14:27:37 pm »
Со здравје колата  :)

Дополнение на советите: после газење на автопат, немој у лер до патарина, оти така се гори турбо... ќе си шалташ 6,5,4,3,2

Присутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10944
  • 430i
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #12 на: 23 Февруари 2012, 16:16:37 pm »
Добредојде и од мене :)
Си направил вистински избор. Само редовно одржување и внимателно возење додека не се постигне работна температура и немаш гајле.

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #13 на: 23 Февруари 2012, 18:39:25 pm »
Na vakva kola kak bi iegnal eden dobar chip Tuning na primer eden germanski na Brezel of of of.. Ke korne.

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: VW Golf 6 TSI 1.4 122 hp
« Одговори #14 на: 23 Февруари 2012, 18:55:36 pm »
Еве и од мене едно честито за колата. Ја возам истата 1 година и задоволен сум многу.  Во глобала све што треба да пазиш кај колава го кажа Зеро. За загревање немаш потреба. Пали и тргај. А за ладењето на турбината како што ти посочија.

@Deni, си троши моторчето 10л во град. На отворено околу 7. Чисто ме интересираше колку можам да ја спуштам и стигнав до 8.5л ама ја возев како дизел. Така цело време не можам па колку троши нека троши.