Како што реков бев до Охрид викендов, еј дечки што да ви кажам, преде, не се слуша, супер потегнува, во 6- та качуваш угорници кај што може со поголема брзина во кривини.
Скопје- Охрид ми потроши просек 6.8 (Тетово-Гостивар со темпомат ја возев), претежно цел пат од 110 - 130 км/час, кратко ја возев 150-160 км, не повеќе, нова е, нејќам да ја газам.
Охрид-Скопје цел пат врнеше, начекав и добро врнење снег на стража скоро до Гостивар, потроши 6.6, мислам дека ќе потрошеше околу 6 без снегот и дождот. Интересно и со претходната кола секогаш потрошувачката Скопје-Охрид е поголема отколку обратно. Изгледа позафркнати угорници има до Охрид а и е на 700 метри надморска височина.
За споредба со 5-ката која добро ја знам, 3 ипол години ја возев постојано, 6-кава многу е тивка, пред се поради подобар мотор и изолацијата од надворешни звуци е далеку подобра. Уживање за возење, стабилна, спортските седишта си ја вршат работата, и воланот и мењачот како што очекував прецизни до совршенство.