@FilipV, Плис не се фрлај, ама за квалитетот мислев

Кажав „моето мислење“, нема зошто да се фрлаш поради моето мислење

И пак ќе потенцирам: Не е мерка (значи се согласувам со тебе). Ако додаваш Етил Алкохол (Етанол), ко` што е со новиве директиви, се билда октанската вредност, а горивото е полошо и помалку калорично.
101 си бара 98 октани и тоа оловни, но аголот на палење може да се наштелува и за 95 октанско гориво, и да работи прописно и без да тропаат вентили. Кај мене на стилто тоа го прави ЕКУ-то, а од аголот на палењето многу зависи и снагата што ја произведвува моторот. Со поголема октанска вредност, може палењето да биде покасно, и со тоа работата на моторот да биде пооптимална (изгледај го видеото во моојот пост.) Како што е покажано во видеото, возилата кои се направени за економичност (или повеќето такви малолитарски), не прават разлика помеѓу 95 октански и бензини со погоелма октанска вредност. (како и твојот калос)
За калоричноста го велам истото што го велиш и ти.
Пластично: Колата ми оди полошо со бензин со помала октанска вредност - поради сензорот за детонации кој го ретардира палењето, за да се спречат штетните детонации.
Но, ми троши повеќе со бензин кој има помала калорична вредност без разлика на неговата октанска - поради тоа што го всушност со педалот за гас го регулирам внесот на воздух, а не на бензин во цилиндрите. Горивото се дозира автоматски, за да се врзе сиот внесен кислород. Ако горивото е недоволно калорично, инџекторите ќе се потрудат внесат доволно c8h18 зедно со другите примеси во цилиндрите, за да се согори О2, инаку ламбда сондата ќе каже дека има уште o2, и ќе настане корекција на времетраењето на вбризгување, а со тоа и зголемена потрошувачка.
Тоа е тоа, и нема потреба од фрлање низ прозори, нити сам нити некого друг да фрлаш

.
Етанолот е 108 октани. Но, етанлот има 2/3 помала енергетска вредност во однос на бензинот. Но ова не е бензин, а ако станува збор за бензин од мајка рафинерија роден, сакам тој да биде со повисока октанска вредност. Еднаш во друга тема прашав како е зголемена октанската врендост на Макпетрол бензините, дали е со етанол, или со други „вистински“ појачувачи, сигурно тоа не го прашав затоа што мислам дека е единствен показател октанската вредност за квалитетот на бензинот.
Од друга страна, Бензен (C6H6), компонетна на нашиот „бензин“, ја зголемува октанската врендост и квалитетот на горивото, но со понатамошна екстракција го „вадат“ од бензинот, бидејќи е повреден како хемиски елемент. Исто и толуен и уште некои „убави“ елементи
