Висока октанската вредност не имплицира висока калорична вредност, ниту висок квалитет. Најчкартниот плин кој може да се најде кај нас има многу поголема октанска вредност од најдобриот бензин. Меѓутоа калоричната вредност е онаа од кој зависи моќноста и потрошувачката.
Зборам за бензинот, плинот има други особини .
Бензинот е смеса на заситени јаглеводороди (алкани, циклоалкани) кои содржат од 5-12 јаглеродни атоми.
Како мерка за квалитет на бензинот се користи ОКТАНСКИОТ БРОЈ кој што е во врска со составот и согорувањето на бензините. За таа цел, детонацијата при согорувањето на некој бензин се споредува со детонацијата што ја дава смеса со определен масен удел на нормален хептан и изооктан (2,2,4-триметил пентан). Октанскиот број на нормален хептан, по договор, се зема дека е 0, а на изооктанот 100.
Октанската вредност на добиеното гориво е секогаш правопропорционална со калориите, кои кај чистиот бензин (100 октани) изнесуваат 29МЈ/Л. Дали овде 95 ката ја крстат со октан бустери да добијат 98 или 100 октани, незнам - во тој случај калоричната вредност на така добиените октани е иста како со базното гориво или во случајов 95 ка. Зборам за „од мајка“ произведена 100 ка е покалорична од 98ца, која пак е покалорична од 95ка.
Нормално и самата цена на горивото го потврдува тоа, а највеќе резултатите при користење на истото.