Здраво на сите!
Чест ми е да бидам дел од форумот на car club и се надевам дека ќе споделам битни информации и искуства кои ќе му помогнат на секој читател а воедно и јас самиот ќе се здобијам со корисни одговори и решенија за било кои проблеми поврзани со автомобилите.
Јас сум сопственик на Volkswagen Passat 1.4 TFSI веќе една ипол година и сум многу импресиониран од неговата вожња, неговата потрошувачка, држење на пат, комфорт... но сеуште неможам да се убедам дали сум во заблуда за еден или два заклучоци кои според мене се проблем околу автомобилот. Во оваа тема ќе Ви го опишам едниот проблем кој е моментално актуелен кај автомобилот и се надевам дека ќе добијам корисни размислувања и одговори околу проблемот. Пред да започнам сакам да напоменам дека возилото го купив ново од претставништво во август 2009 а е произведено 2008. Станува збор за работењето на саухот на автомобилот. Се разбира терминот саух е стар и најверојатно во денешнава технологија не се користи но ова ми е веќе петто возило кое сум го имал и кај мене значењето и намената се исти па затоа и го користам и се надевам дека нема да бидам погрешно разбран. Кога е ладно времето забележувам дека при стартување на моторот (ладен) воопшто нема реакција за вклучување на саухот или работниот такт е на 700/800 вртежи. Кај сите автомобили кои сум ги имал претходно тоа било активно и проследено со работење од одреден временски период (60-тина секунди) со повисоки вртежи а потоа намалување на вртежите и нормализирање на работењето на моторот. Поради тоа логички би требало при стартување на моторот наутро при ниски температури или при подолг временски интервал од последното работење на моторот тој да работи (60-тина секунди) на 1200 вртежи а потоа да се намали и нормализира на 700/800 вртежи (конкретно за мојот автомобил). До овој заклучок дојдов кога во топлиот период, пролет, лето, рана есен, при палење моторот работеше токму така односно конкретно кога го немав стартувано повеќе од еден ден, при наредното стартување тој работи на 1200 вртежи па се нормализира на 700/800. Проблемот се повтори и оваа зимска сезона и е сеуште актуелен. Носен е на овластен сервис и "правена" е анализа и проверка повеќе од десет пати но за жал нема апсолутно никаква промена и прогрес околу тоа. Тие велат дека вршат update на процесорот бидејќи според компјутерските проверки нема хардверски проблем па барат да не има софтверски проблем. Моето последно носење на проверка беше проследено со предлог (лично мој) според кое требаше да биде направена нова анализа. Предложив да го задржат возилот повеќе дена и да го споредат со работењето на друго возило кое се разбира го има истиот мотор. Да го палат гасат повеќе пати и ги заведуваат статистичките податоци. Возилото го задржаа и кога го зедов ми рекоа дека му промениле сензори и што знам што не и сега има конректни резултати околу тоа. Описот беше дека веднаш при стартување моторот се искачува на некои 1900/2000 работни вртежи 1 секунда, потоа паѓа на 800 60/90 секунди па се намалува на 700 вртежи. Апсолутно исто како и досега. Дали сум јас во заблуда или тие ме маткаат цело време се со цел да ми истече гарантниот рок и поправките да бидат наплатени, односно доколку сум во право колку тоа може да му го скрати рабониот век на автомобилот?
Однапред Ви благодарам!