Петар, тоа што кога го палиш моторот на ладно ги крева вртежите на 2000 е многу лоша работа. Треба веднаш да го рекламираш.
Причината за саухот не е за да загрее моторот побрзо. Туку кога е ладно и маслото е погусто, прижа поголем отпор на моторот па затоа моторот треба да ги качи малку повеќе вртежите.
Ако кога го запалиш на ладно, вртежите ги држи стабилни на 800 тоа не значи дека не работи саухот, туку дека многу малку работи. Доколку не би бил саухот тогаш би трокирал моторот на 600 вртежи на пример.
Така што јас мислам дека непотребно си се мачел и штета си си направил. Доколку моторот не гасел и тресел мислам дека не е проблем и така да работи.