ЕПЦ може да свети и за друго и нема везе со турбина. Тоа е Електроник Паур Контрол, тоа ми светеше кога ставив чкарт бензин еднаш накај маврово. Стави убав бензин и би требало да го снема. Тогаш бапнав адитив некој за 200 денари дур се дотроши тој резервар и од тогаш само убав бензин. Нема гајле веќе 3 години се поминати од тогаш.
Ако има проблем со горивото,стално ке има проблем,јас полнам гориво или на ЛУК ОИЛ или на МАК ПЕТРОЛ и чат пат на Мак Оил.Да е проблемот во горивото можда ќе сецка или нема да работи рамномерно,а во моментот кога ќе ми се упали ЕПЦ ,а се палеше често пати ,колата работи ,не прима гас и се движи 20 км на час.Вчера бев во Порше,ми рекоа-као да,да,да дечко знаеме,турбината е ,ќе нарачаме нова турбина и кога ќе стигне ќе ве повикаме да ја замениме,рекоа дека после замената ќе нема проблем,дека новата турбина е со друг каталошки број и дека е модифицирана за разлика од старава,најверојатно станува збор за сериска грешка,бидејќи видов усте 4 Јети и еден ТИГУАН -ТСИ ,сите на Дизалица и мајсторот ми е другар -викам штое со овие,вика сите исто -турбина....